НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Време на измамници

0
By Marija Todorovska on March 27, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЏАБИР ДЕРАЛА / ЦИВИЛ МЕДИА

Деновиве напишав текст за трансформациите и шампионите на вредностите. Добив многу одобрувања, но во моето поштенско сандаче добив и едно прашање – коментар: „Дали можеби со ова ги оправдуваш ‘тој и тој, таа и таа’ по неколку години седнати во една политичка групација, преминуваат во друга? Сакаш да кажеш дека се шампиони на вредностите?“ Мислам дека вреди да се одговори овде, бидејќи постои можност тој мој текст да послужи како оправдание за оние кои најмалку го заслужуваат тоа.

Да, точно е. Ова е време кога многумина во политичкиот естаблишмент – кои со ништо не заслужиле да имаат функции, пари и моќ – се престројуваат, ставаат старо-нови дресови и капи, ги вадат старите знамиња од своите политички долапи.

По којзнае кој пат!

Јавноста е веќе навикната да гледа калкуланти и профитери во политиката како се „покајуваат“ и ја менуваа политичката страна (по којзнае кој пат!). Некои од нив успеваат да ги преживеат и најголемите политички земјотреси и поплави, без да им се намали кредибилитетот и банкарското конто (напротив, расте). Тие научија да ја користат апатијата на луѓето и „балансираноста“ во медиумите. Често изгледа како да веруваат дека сите нивни недела се закопани во заборавот. И кога нивните калкулации испаѓаат погрешни, без ни малку срам (по којзнае кој пат!) се „покајуваат“ и ја фаќаат страната каде што ќе извлечат највисока цена за својата политичка кожа.

Точна е констатацијата дека „промена на мислењето и ставот, па дури и политичката ориентација – не е срамен чин, ако се следат чувството на праведност и вербата во демократските вредности.“ Тоа особено важи „ако некој сака да ги постави јавниот интерес или безбедноста на државата пред лојалноста кон една личност која е закана за фундаментите на демократијата и државните интереси.“

Дали овие што ја фрлаат својата кожурка и навлекуваат друга може да се каже дека „шампиони на вредностите?“ Хахаха, ни оддалеку. Зошто? Затоа што мотивите што ги движат се исклучиво себични – функции, пари и моќ. Затоа што веќе биле таму каде што „се враќаат“, а можеби некогаш биле на сосема трето место, се разбира, за лични интереси. Ништо повеќе.

Тие не веруваат во вредности. Ним им е сеедно колку ќе страда општеството поради узурпацијата на функциите и цицањето на јавните пари. За нив вредност има само нивната политичка кожа.

Нема тука определби, промислување, заложби за националните интереси – ништо од тоа. Само пари и моќ, гола борба за функции до кои сакаат да дојдат преку сеење националистичка и верска омраза и поигрување со стравовите и надежите на луѓето.

Ова е време на измамници.

Треба да се остане буден, граѓанки и граѓани. Најлесната, воедно и најслатката жртва на политичките предатори се оние што мислат дека „сите се исти“ и дека „јас ништо не можам да променам.“

Текстот е личен став на Авторот.
Измамници ЦИВИЛ Медиа Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.