Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костидовска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот Регион

0
By Marija Todorovska on March 28, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 28, 2024 15:46

Министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Охрид оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО која е составена од членови на Центарот за светско наследство, Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата. Средбатата се одржа во Завод и Музеј-Охрид, а учество земаа и членовите на Националниот координативен тим од нашата држава и директорката Ирена Шајн.

„Министерството за култура и Националниот координативен тим посветено  работат на спроведување на препораките од УНЕСКО, во делот на заштита на културното наследство. Не отстапуваме од грижата за Охридскиот Регион и зачувување на статусот на престижната листа на УНЕСКО. Уверена сум дека обединети, сите заедно, централната, локалната власт и невладиниот сектор во заедничка координација со забрзана динамика ќе продолжиме да ги исполнуваме насоките на УНЕСКО во подобрување на состојбите со реткото природно и културно наследство на нашиот регион“, потенцираше Костадиновска – Стојчевска. 

На средбата стана збор за актуелните состојби поврзани со заштитата на културното наследство во Охридскиот Регион, начините за надминување на предизвиците и напредокот што го има остварено државата во однос на последните препораки на УНЕСКО.

Министерката со македонските експерти ги информарше членовите на реактивната мисија за сите реализирани, како и за тековните активности поврзани со препораките, како што е донесувањето на Стратегискиот план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион, изработката на правни документи меѓу кои Предлог на закон за управување со светското природно и културно наследство и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење. 

Беше дискутирано и за завршените активности за заштита на дрвената платформа во Заливот на коските, пристапот до заштитените културни добра, изработката на „Упатство за иматели на недвижни културни добра во Охридскиот регион – Светско наследство на УНЕСКО“, со цел  да им се помогне на имателите на недвижни културни добра во Охридскиот Регион да ги исполнат своите права и обврски.

Средбата беше дел од агендата на тридневната заедничка реактивна мониторинг мисија на членовите од Центарот за светско наследство на УНЕСКО, Меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС) и Меѓународната унија за заштита на природата,  во прекуграничното светско наследство 

Бисера Костадиновска - Стојчевска Охридско езеро Унеско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 1, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

ВЕСТИ July 1, 2026

Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време…

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.