НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Последен концерт од фестивалот „Светско а наше“ во Јавна соба: Лиричното Добрила и Дориан Дуо во сабота вечер

0
By Ана Василевска on April 4, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Последната од овој циклус “светска” сабота во Јавна соба е на 6. април, а го
заокружува лиричното Добрила и Дориан Дуо. До сега во рамките на “Светско, а
наше” – фестивалот на светска музика, изведена од македонски бендови се одржаа 7
концерти од овој жанр. Почнувајќи од февруари, секоја сабота вечер во Јавна соба,
настапија бендовите: Калата, Зарина Првасевда, Фолтин, Чалгија Саунд Систем, Афро
Гитано, Пијан Славеј и ВИС Билјана и почнаа да мапираат една нова аудио супкултура.
Со преполните вечери во интимната концертна сала на поткровјето на Јавна соба, Скопје
доби освежување со еден нов мини фестивал, кој дефинитивно заслужува внимание и
верба дека ќе продолжи и во иднина.

Иако одамна се другари и соработници Добрила Грашеска и Дориан Јовановиќ во
2020 започнаа проект кој го заокружија со албумот Апокриф (SJF Records, 2021). Од
една страна, Добрила пее македонски традиционални песни, истовремено играјќи си
со тишината, но и импровизира со мелодија која ја носи кон шумови и тонови, а од
друга, Дориан свири на ут – инструмент со 12 жици, познат низ целиот Медитеран.
Нивниот првенец претставува фузија меѓу знајното и незнајното, прифатеното и
непознатото, тишината и звуците од околината и желбата за осознавање и
препознавање. Oвој албум беше оценет како ремек-дело од жанрот „музика на
светот“ со што дуото започна да се претставува низ големите концертни сцени во
Европа.
Во март, 2023 година повторно под етикетата на SJF Records, се појави албумот под
име „Пиле шарено“. Очигледно Добрила и Дориан Дуо го пронајдоа одговорот и
формата затоа што “Пиле шарено” веднаш по појавувањето доби феноменални
оценки искачувајќи се на највисоките места и на регионалните и на светските топ-
листи од „музиката на светот“. “Пиле шарено” е албум кој има задача да отвори ново
поглавје, да покаже различен дискурс на нешто колку познато, толку и непознато, да
испраша и да израдува. Како пиле. Шарено.
Добрила Грашеска – вокали, лупови
Дориан Јовановиќ – ут, електроника
World Music Saturday е мотото на фестивалот “Светско, а наше”, кој се одвива во
Јавна Соба. Билетите можат да се купат на:

https://bileti.drugastrana.mk/index.php?id=406

Добрила и Дориан Дуо Јавна соба Фестивал „Светско а наше“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.