Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комеморација за Мирко Попов: Оптимист кој веруваше дека секогаш може подобро и повеќе

0
By Marija Todorovska on April 5, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 5, 2024 15:28

Животот на Мирко нема почеток и крај. Во темелите на секоја зграда, во секој клуб, институција, плочник, во секој од малкуте останати скопски паркови стои името на овој човек. Мирко во се што правеше ги менуваше работите. Тој беше голем оптимист, никогаш не се откажуваше и секогаш велеше да не стануваме конформисти. Да продолжиме да го менуваме светот како тој што го менуваше.

Со овие пораки, последен поздрав на денешната комеморација што се одржа во Скопје упатија колеги и пријатели на еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика, Мирко Попов, кој почина минатата недела на 51 година.

Филип Николовски од МКЦ за време на комеморацијата посочи дека животот на Мирко зборува за минатото, тлее овде и сега во сегашноста и останува тука за да ни ја просветли иднината – иднина, за која останува да се надеваме дека ни носи љубов и неизмерна желба за подобар и посреќен живот, кон кој тој целеше.

-Со Мирко делевме многу заендички интереси и љубови – Арсенал, Вардар, култура, нашето МКЦ и секако вечната љубов кон градот во кој израснавме. Вечната љубов кон Скопје. Градот во кој започна да твори, да се развива, да напредува, едноставно, да стане подобар. Во темелите на секоја зграда, во секој клуб, институција, плочник, во секој од малкуте останати скопски паркови, стои врежано името на овој човек. Се чини дека тој постигнуваше да стигне секаде. Енергијата која зрачеше од него беше невозможно да не те обземе, да не те прими да се приклучиш во следната мисија која што тој ја замислил, рече Николовски.

Како што потенцираше, Мирко Попов е „Галебот“ од Џонатан Ливингстон на македонската современа култура. Мирко Попов е човекот кој веруваше дека секогаш може подобро и повеќе.

-Луѓе кои зад себе оставиле толкаво културно наследство, луѓе од ваков ков, не умираат. Едноставно, тие не можат да умрат. Тој ги остави неговите дела за ние тука да учиме, да се забавуваме, додека тој настапува во живо на некоја небеска локација, пред некоја нова разиграна публика, порача Николовски.

Писателката Билјана Црвенковска појасни дека Мирко беше голем оптимист, кој никогаш не се откажувал и секогаш продолжувал да се бори.

-Мирко за мене е големиот дел од моето детство и целата моја младост. Мирко се сите книги и стрипови што сме ги читале заедно во средно школо. Мирко е човек кој што влијаеше на мојот музички вкус и на тоа што го слушам јас во целиот мој живот, од кога се запознавме. Мирко е сите журки, сите концерти, сите бендови што сме ги слушале заради него кои ги донел, сите диџеи кои ги донел, сите „афтери“ и сите муабети од утро до мрак и обратно. Мирко е не само Скопје, не е само МКЦ, не е само ПМГ, Мирко за мене е Охрид и сите лета што сме ги поминале заедно во Охрид. Мирко е книгата „Розевата планета“, додаде Црвенковска.

Таа појасни дека Мирко во се што правеше ги менуваше работите. Како што рече, Мирко се што правеше останува како наследство за младите луѓе и генерации кои ќе дојдат и ќе продолжат да се борат.

-Да продолжиме да го менуваме светот како тој што го менуваше, рече Црвенковска.

Музичарот Александар Гавровски на комеморацијата рече дека ентузијазмот на Мирко ќе му недостасува на Скопје и на Македонија.

-Мирко е постар брат на сите млади талентирани музички деца и фанатици како мене. Фасциниран што постоиме, отвора врата кај него дома и ти вика „Еве земи, се што имам јас имаш и ти.“ Мнозинството воопшто не беше свесно за оваа негова топла, човечна страна. Како автор реално беше игнориран од мнозинството, но и од скопската критичка маса која баш не беше свесна дека тој е автор на над сто композиции за ПМГ колектив. Како и да е, мнозинството него едноставно не можеше да го игнорира. Сигурен сум дека ќе недостасува неговата неуморна потрага по новите талентирани деца на кои ќе им отвори врата и ќе им каже „Се што имам јас имаш и ти“, рече Гавровски.

На комеморацијата, Синиша Ефтимов зборувајќи за постигнувањата на Мирко, уште еднаш подвлече дека тој е еден од највлијателните и најуспешните скопски музичари, композитори, текстописци, ди џеј издавачи и продуценти.

Тој потсети дека апетитите на Мирко за промовирање на македонската современа музика земаат замав уште во 1998 година, кога ја формирал ПМГ Рекордингс, дискографска куќа која ја регистрираше и промовираше квалитетната музика на новото време, славејќи ја современата култура и исправајќи историски грешки и неправди нанесени на македонската музика од блиското минато.

ПМГ Рекордингс денес е водечка независна дискографска куќа во земјата со над седумдесет изданија. -Мирко Попов како диџеј доби можност да настапува низ регионот на повеќе атрактивни, европски, клубски дестинации и да како ретко кој Македонец во историјата го стави Скопје на европската релевантна музичка мапа, рече Ефтимов.

За време на комеморацијата беа пуштени и видеа снимки од обраќањата на неговите колеги од регионот, кои упатија последен поздрав до Мирко.

Мирко Попов е роден во 1972 година во Скопје. Тој во 2003 година го формираше бендот „ПМГ Колектив“, каде беше автор на музика и текстови и вокалист. Првиот професионален ангажман како диџеј го добил во 1992, а истата година доби простор во култното скопско музичко радио „Канал 103“. Од 2008 до 2010 бил главен и одговорен уредник на „Канал 103“. Има издадено албум и неколку миниизданија и реализирано концерти со водечкиот македонски џез состав „Сетстет“. Од 2020 продуцираше, издаваше и настапуваше и како соло артист под името „Мирко Попов квартет“. Автор е на повеќе книги, а заедно со музичарот Владан Дробицки беше идеен творец на џез фестивалот „Крај Вардарот џез“.

комеморација Мирко Попов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.