Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Ромите се нераскинлив и природен дел на нашето општество

0
By Marija Todorovska on April 8, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 8, 2024 16:44

Техничкиот премиер Талат Џафери по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите упати честитка до припадниците на ромската заедница во државата.

– Почитувани граѓани, припадници на ромската заедница, со големо задоволство упатувам до вас во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое лично име честитки по повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. 8 Април е ден којшто го одбележуваме во ваша чест драги сограѓани Роми, затоа што и вие, како и сите граѓани, сте нераскинлив и природен дел на оваа држава и општество. И вие, заедно со сите граѓани ги чувствувате и благодатите, меѓутоа и тешките денови и ситуации кои ги носи животот. Придонесувате со тоа што можете, се трудите да се подобрат состојбите во секоја сфера и се посветувате кон обезбедување на подобра иднина, за нашата заедничка држава, за нашето општество и за нашите идни поколенија, се вели во честитката.

Притоа го вложувате, како што наведува, вашиот единствен и уникатен карактер, вашата харизма, позитивност и бестрашност. Овој ден, е признание и потврда од страна на државата, институциите, вашите сограѓани и општеството во целост дека и вие сте суштински дел од цел овој контекст.

– Како Влада, преку усвоената Национална стратегија за Роми која е дел од јавните, државни политики, преземаме мерки во конкретни области за да обезбедиме основа за ваша целосна и вистинска интеграција, затоа што само тогаш, кога и самите ќе бидете дел од системот, ќе можете да го направите најдоброто, првин за себе, потоа и за општеството и државата. Тука е клучно образованието, кое е најдобра инвестиција во растот и развојот на младите кои се иднината на државата, и на светот. Затоа, бидете мудри, бидете упорни, чекорете храбро и сигурно кон светлината што се појавува кога ќе се просветли умот. Само тогаш ќе може да излезе на светло и вашиот вистински и оригинален потенцијал којшто се разликува од сите други. Наша обврска како држава и државни институции е да бидеме до Вас во секој чекор напред, стои во честитката од Џафери.

8 април Роми џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.