Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Животот на Мирко Попов нема почеток и крај

0
By Marija Todorovska on April 8, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 8, 2024 19:50

„Животот на Мирко нема почеток и крај. Во темелите на секоја зграда, во секој клуб, институција, плочник, во секој од малкуте останати скопски паркови стои името на овој човек. Мирко во се што правеше ги менуваше работите. Тој беше голем оптимист, никогаш не се откажуваше и секогаш велеше да не стануваме конформисти. Да продолжиме да го менуваме светот како тој што го менуваше. Mирко Попов беше галебот Џонатан Ливингстон на македонската современа култура. Човекот кој веруваше дека секогаш може подобро и повеќе. Дека небото не е лимит.“  Со овие зборови од Мирко се простија неговите пријатели и соработници на комеморацијата одржана во петокот во салата на Македоснката Филхармонија.

На комеморацијата за постигнувањата на Мирко зборуваше неговиот долгогодишен пријател Синиша Ефтимов  и многуте соработници со кои работеше и се дружеше на сцената и надвор од неа. Меѓу нив Билјана Црвенковска (Розевата планета), Филип Тасевски, Јанг Дади, Дина Јашари, Александар Гавроски…

Во присуство на семејството, пријатели, почитувачи, колеги и министри, со музика, емотивни присетувања и аплаузи, Скопје го испрати Мирко Попов, човекот  во своите 30 години работа остави моќен печат на македонската музичка современа сцена… Беше еден од пионерите на електронската музичка сцена во Македонија и подржувач на урбаниот и културниот живот во земјава. Почина на 24 март на 51 година.

„Со Мирко делевме многу заендички интереси и љубови – Арсенал, Вардар, култура, нашето МКЦ и секако вечната љубов кон градот во кој израснавме. Вечната љубов кон Скопје. Градот во кој започна да твори, да се развива, да напредува, едноставно, да стане подобар. Во темелите на секоја зграда, во секој клуб, институција, плочник, во секој од малкуте останати скопски паркови, стои врежано името на овој човек. Се чини дека тој постигнуваше да стигне секаде. Енергијата која зрачеше од него беше невозможно да не те обземе, да не те прими да се приклучиш во следната мисија која што тој ја замислил“ , кажа Филип Николовски од МКЦ во последното испраќање на Мирко.

Пораки во чест на Попов испратија и легендарните британски диџеи Тери Френсис, Дејв Мадерсол и Ивл Еди Ричардс, Лале Хепи Пипл од Србија и Стивен Малиндер од „Кабаре Волтер“. Хрватската група „Ниплпипл“ ја изведе песната „Somewhere Over the Rainbow“, во чест на Мирко.

„Чудно, најпознат Мирко беше како политичко битие, т. е како човек кој дава мислење за ова или за она, а би рекол и нај познат и по одговорот на нај глупото новинарско прашање на свет- Што би направил кога би дочол на власт? Само да да појаснам, оргиналата идеја не бепе да се сзапалат сите цркви. Оригиналната идеја беше да се поштеди Соборниот храм во Скопје, да се наполни со озвучување и да продолжи со работи под името „The Church“. Како автор беше игнориран од мнозинството, но и од скопската критична маса која не е баш свесна – покрај Скопјанка и Манекенки тој е автор на над сто други песни на ПМГ Колектив, Кантон 6, Мирко Попов Квартет, Македониде Crew… па и онаа фабулозна соработка со Сецтат. Фала богу, песните се тука, воопшто не мора да брзате. Тука се за вас Се надевам некогаш ќе седнете ќе ги преслушате“, рече во својот говор Александар Гавроски.

Во живо на малата сцена на Филхармонија настапија џезерите Владан и Павел Дробицки,

На комеморацијата свои пораки испратија дечките од бендот Артан Лили чиј концерт во Скопје во МКЦ пред неполн месец беше последниот кој Мирко го организираше.

Билјана Црвенковска една од најблиските пријателки на Мирко, во нејзиното последно обраќање кажа дека ќе го памети Мирко како човек кој секојдневно го менуваше светот.

„Мирко секојдневно во се што правеше ги менуваше работите, се трудеше да го менува светот. Ова што го правеше со младите, ова што го правеше со музиката, со културата е само дел од таа голема сликана целосно менување на условите во кои живееме, на земјата во која што живееме. Тој беше толку голем и никогаш не се откажуваше, никогаш не се предаваше. Секогаш се бореше и секогаш инсистираше да не се откажуваме и да не се предаваме. Да не стануваме конформисти. Да не си легнуваме на брашното или да не си ги пакуваме куферите и да си одиме. Зошто да го напрвиме тоа? Па ние што се занимаваме со култура и со уметност точно знаеме дека најдобро се твори и се созадава таму каде што си роден затоа што од таму потекнуваш и тоа тебе те дефинира и те тера да ја создаваш таа уметност и всушност да, нашата генерација го имаше Мирко кој што секојдневно се бореше да го прави тоа„

Комеморацијата беше затворена со песната на „ПМГ колектив“, „After Hours“, со Љупа Ангелов на гитара.

Редакција Трн

комеморација Мирко Попов ПМГ Колектив
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026
shortcut
ФОКУС
May 21, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

ВЕСТИ May 21, 2026

Европската Унија ја отвора вратата за проширувањето и оваа шанса не смее да биде пропуштена,…

Нов нон-пејпер, пет земји членки на ЕУ предлагаат „меѓучекори“ кон членство на Западен Балкан во унијата

May 21, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

May 20, 2026

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026
ТИКЕР

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.