„До моите колеги здравствени работници – Ветуваме европски плати дома. Во изминатиот мандат ја зголемивме платата на докторите специјалисти за 40%, на општите лекари за 25% и на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%“ сподели на социјалните мрежи, носителот на листата во ИЕ4 од СДСМ, Венко Филипче.
Тој додаде дека ова е докажан приоритет и тој лично се залага и бори за овие покачувања
„Барам поддршка за повторно заедно, партнерски да работиме на покачување на платите. Планираме докторите специјалисти да имаат плата од 140.000 до 180.000 денари, општите доктори плата од 120.000 денари, а медицинските сестри плата од 60.000 до 90.000 денари. Плати за специјализантите до 60.000 денари“ рече Филипче.