НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МЗ: Се осовременува календарот за имунизација со деветвалентна вакцина против ХПВ, вакцината ќе биде достапна и за момчиња

0
By Marija Todorovska on April 15, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство, д-р Илир Демири, заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, националната координаторка за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова, специјалната претставничка на СЗО во земјава, Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција ДиЏовани и претставникот од УНФПА, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која информираа за осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна вакцина против ХПВ.

Демири потенцираше дека покрај преминувањето од четиривалентна на деветвалентна, ХПВ вакцината ќе биде достапна и за момчињата.

-Со ова, го следиме примерот на високоразвиените европските здравствени системи и обезбедуваме поголема заштита на младата популација од ХПВ вирусите. Деветвалентната ХПВ вакцина е од светски реномиран производител, МСД од Холандија и ги исполнува највисоките критериуми за квалитет, безбедност и ефикасност –  ХПВ вакцината обезбедува долготрајна повеќегодишна заштита. Оваа вакцина штити од инфекции предизвикани од хуман папилома вирус и од развој на преканцерозни лезии, рече Демири.

Грозданова истакна дека целта за вакцинирање на момчињата е двојна и дека со тоа се спречува момчињата да бидат трансмитери, односно да ја пренесуваат ХПВ инфекцијата, но и самите да бидат заштитени бидејќи и кај нив се развиваат ХПВ асоцирани болести.

-Најчестите ХПВ асоцирани болести кај жените се цервикалниот карцином на грло на матка, кацином на вагина, вулва и анус, додека кај мажите тоа е ларциномот на пенисот, карцином на анусот и кај двата пола забележан е пораст на ортофаријангијалниот карцином. Со вакцинирање на возраст помеѓу 12 и 15 години се постигнува најдобар имунолошки одговор на организмот. Се вакцинираат и девојчиња и момчиња пред да бидат изложени на вирусот, истакна проф. Грозданова.

Деветвалентните ХПВ вакцини ќе бидат достапни од следниот месец во сите вакцинални пунктови во државата.

-По повод воведувањето на новата вакцина, искрени честитки за напредокот на државата кон остварувањето на долгорочните стратешки цели од „Агендата 2030“. Вклучувањето на момчињата во процесот на вакцинација, нè приближува сите до посакуваното зголемување на опфатноста со ХПВ вакцина во Северна Македонија од околу 90%. Воедно, голема, искрена благодарност и до новинарите, чија улога и помош во обликувањето на јавното мислење високо ја цениме. Ви благодариме што сте наши партнери на патот кон подобро здравје за сите, рече д–р Ане Јохансен, специјална претставничка на Светската здравствена организација

Се проценува дека ХПВ-вакцината може да спречи 70% од случаите на цервикален карцином, 80% од анален карцином, 60% од вагинален карцином, 40% од вулварен карцином, и покажуваат повеќе од 90% успешност во спречувањето на ХПВ-позитивните орофарингеални карциноми. Во однос на заштитата веќе се достапни податоци за потврдена ефикасност од повеќе од 10 години на оваа деветвалентма вакцина.

 

 

 

Вакцина МЗ ХПВ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.