НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груби со куфер пред Општина Чаир побара оставка од албанската опозиција

0
By Ана Василевска on April 25, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Артан Груби од ДУИ на денешната прес-конференција пред Општина Чаир се појави со куфер. Тој со стихови од рап песна објасни дека куферот е за албанската опозиција од која побара да ги депонираат оставките.

-Песната вели дека им ја разбираме позицијата во која што се ден денес. Актуелниот и формален градоначалник Изет Меџити, како и неговиот нотар кој е овластен потписник Висар Ганиу и му ги потпишува неговите одлуки кој тој ги носи, „им ја знаеме позицијата, но мора да ја види топ листата“. А, на топ листата број еден се луѓево што се тука и граѓаните на Чаир. И затоа нека си го земе куферчето, мало е затоа што толкави му се работите, нека се отпакува и да си замине и да ја ослободи окупираната Општина Чаир, рече Груби.

На новинарско прашање дали стравува дека овој настан од албанската опозиција ќе го проценуваат како провокација и оти ќе може да има тензии, Груби рече дека воопшто нема тензии и посочи дека граѓаните се определиле за европска иднина.

-Тие треба да го одржат својот збор кој го кажаа јавно дека нотаризирале изјави за оставка во случај на пораз со само еден глас, а изгубија со 40 илјади гласови кои ќе станат 80 илјади гласови на 8 мај затоа што граѓаните не сакаат изолација, не сакаат слуги на Мицкоски и на Апасиев, туку сакаат да  бидат претставувани од силна партија и силна коалиција која е европски ориентирана, рече Груби.

Скендер Реџепи-Зејд од коалицијата „Европски фронт“ нагласи дека денеска се пред Општина Чаир и посочи дека наредните денови ќе одат и во другите четири општини кои се менаџираат од коалицијата „Влен“ за да побараат оставка.

-Тука сме пред Општина Чаир и ќе бидеме и во другите четири општини во кои што членовите на „Влен“ ги менаџираа досега. Тука сме за да побараме оставка на секој претседател од „Невреди“ оти тие дадоа збор и пред нотар поднесоа потписи дека ќе си поднесат оставка сите четири доколку изгубат на претседателските избори. Сите сме сведоци дека вчера изгубија и изгубија длабоко и барем загубата машки да успеат да си одговараат и да поднесат оставка, рече тој.

На новинарско прашање кого ќе поддржат од двајцата претседателски кандидати во вториот круг, Зејд рече дека тој лично не би гласал за ниту едниот од нив двајца. Потенцира дека за ова прашање допрва ќе донесат одлука сите претседатели на коалицијата „Европски фронт“.

-Јас лично не би гласал ниту за едниот, ниту за другиот. Таква перспектива досега не научивме од Македонците да бидат спремни да гласаат за Албанец. Меѓутоа, крајната одлука ќе ја донесе фронтот. Тоа личното нека остане мое лично мислење, рече тој.

Коментирајќи го вчерашниот повик на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за коалицирање со Коалицијата „Вреди“, Зејд

-Вчера беа претседателски избори и нормално е Мицкоски ќе се обиде со послабиот  и сервилниот да си направи влада. Меѓутоа, суверенот во оваа ситуација се граѓаните кои живеат во општините во кои што мнозинството се Албанци и ако тие одлучат дека на 8 мај ние ќе ги предводиме Албанците и немакедонците од овие општини, бездруго ние ќе можеме да одлучиме што ќе се случи со иднината. Воопшто нема да вреди таа изјава. Доколку, а така ќе биде, на 8 мај ние си славиме длабока победа, двојна повеќе од вчерашната на претседателските избори, рече Зејд.

Артан Груби општина Чаир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.