Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во тек подготовки за претстојното годишно изборно Собрание на ДПМ, рокот за кандидатури за нов претседател истекува на 15 мај

0
By Ана Василевска on May 6, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 6, 2024 21:44

Управниот одбор на ДПМ соопшти дека подготовките за Годишното изборно Собрание закажано за 1 јуни, годинава во просториите на ДПМ се во тек, согласно одлуките на Управниот одбор на Друштвото и според однапред зацртана и утврдена динамика.

-Како прво, се наметна потребата за ажурирање на постоечкиот Регистар на членови на ДПМ по неколку основи, како на пример бришење на починатите членови и членовите кои доброволно истапиле од друштвото. Покрај тоа, во тек е и иницијативата членовите да го потврдат своето активно членство со подмирување на заостанати членарини помеѓу две изборни Собранија (за 2023 и за 2024 г.), со краен рок до 12.05.2024 г. За таа цел, беше контактирано речиси целото членство (269 члена) и тоа по електронски пат или по пошта, со укажување дека со подмирување на двете членарини членовите ќе се стекнат со право за активно учество на Собранието, односно со право на глас. Со ажурирањето на Регистарот на ДПМ и со потврдувањето на активното членство ќе се утврди и кворумот неопходен за одржување на изборното Собрание, се наведува во соопштението.

Напоредно со овие активности, се посочува, се одвива и процесот за измени и дополнување на постоечкиот Статут на ДПМ.

-За таа цел е ангажиран соодветен тим правни лица кој веќе работи на изготвувањето на измените и дополнувањата согласно Законот за здруженија од доменот на културата, со цел новиот Статут да биде благовремено (најдоцна до 20.05.2024 г.) испратен до членството на разгледување, а потоа предложен за усвојување на изборното Собрание, се посочува во соопштението од потпретсеателот на УО на ДПМ Зоран Анчевски.

Исто така, во тек е процесот за прибирање кандидатури за нов претседател на ДПМ. Рокот за нивното поднесување завршува на 15.мај 2024 г. Кандидатурите и предлог-програмите на кандидатите исто така ќе бидат испратени на разгледување до членството со цел тоа навреме да биде запознаено со кандидатите и нивните планови и идеи за натамошен развој на ДПМ, како најстаро и најмасовно писателско здружение во зeмјата, стои во соопштението. 

Друштво на писатели на Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.