Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во 2023 година Грција ја посетиле над еден милион туристи од Северна Македонија

0
By Marija Todorovska on May 7, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 7, 2024 09:31

Минатата година Грција ја посетиле 1.128.000 туристи од Северна Македонија, бројка што е нешто помалку од двојно поголема споредбено со 2022 година, согласно податоците од Институтот на Асоцијацијата на грчки туристички бизниси (ИНСЕТЕ).

Во истражувањето „Кој каде оди? Колку долго останува? Колку троши?“, ИНСЕТЕ ги анализира официјалните податоци на Банката на Грција за туризмот и туристите во земјата во 2023 година, а поконкретно се фокусира на секој од 13-те грчки региони.

Северна Македонија и овој пат е меѓу првите 15 држави според бројот на туристи и останува без промени на 11-та позиција, иако драстично е зголемен бројот на посетители од нашата земја.

Првите 15 земји со најголем број посети и посетители на Грција се Германија, Велика Британија, Бугарија, Италија, Франција, САД, Романија, Холандија, Полска, Албанија, Северна Македонија, Турција, Австрија, Белгија и Србија.

Конкретно за Северна Македонија, минатата година, за 46,5 отсто се зголемил бројот на посетители споредбено со една година претходно, односно имало 1.128.000 посетители во 2023 година, наспроти 770.000 во 2022 година.

Во однос на посетите од нашата земја, во 2023 имало 1.132.000 посети, а пред две години 771.000, додека пак мнозинството посети се во северниот дел на Грција.

Во однос на перифериите, што е и предмет на анализата, најпосетена е областа Атика, поширокиот регион на Атина, потоа се островите во јужниот дел на Егејското море, а на третата позиција е централниот дел од северна Грција – регионот во кој спаѓаат Солун и Халкидики, каде што посетителите од Северна Македонија се меѓу првите три земји.

-На трето место е регионот централна Македонија со 6.566.000 посети, а мнозинството посети се од Бугарија (1.821.000). Потоа следат посети Северна Македонија (1.079.000) и од Германија (917.000), пишува во анализата.

Сепак, иако Северна Македонија е меѓу првите три земји по бројот на посети во конкретниот регион, сепак не е во топ трите држави според бројот на ноќевања и според направените трошоци за време на престојот.

Грција туризам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.