НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грузискиот парламент го одобри контроверзниот „закон за странско влијание“ : Дали е готово за апликацијата за членство на Грузија во ЕУ?

0
By Ана Василевска on May 14, 2024 ВЕСТИ, ИЗБОР, СВЕТ
Полицијата се обиде да приведе демонстрант во близина на зградата на Парламентот за време на протестот на опозицијата против „рускиот закон“ во центарот на Тбилиси, Грузија, во понеделник, 13 мај 24 АП
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Опозицијата го дефинираше нацрт-законот како „руски закон“, повлекувајќи паралели со употребата на слични мерки од Москва за сузбивање на независните медиуми и стигматизирање на активистите.

Грузискиот парламент го одобри контроверзниот закон со кој се заоструваат проверките и се зголемуваат казните за организациите кои добиваат средства од странство.

Од секоја компанија – вклучително и медиуми и невладини организации сега ќе се бара да се регистрира како „ги извршува интересите на странска сила“ доколку добие над 20 проценти од средствата од странство.

Опозицијата го дефинираше нацрт-законот како „руски закон“, повлекувајќи паралели со употребата на слични мерки од Москва за сузбивање на независните медиуми и стигматизирање на активистите.

Десетици илјади демонстрираа против законот

Одобрувањето на законот уследи по неколкунеделните интензивни и широко распространети протести во Грузија, обележани со судири меѓу демонстрантите и полициските власти, како и неколку апсења, при што десетици илјади луѓе излегоа на улиците.

Во очајнички обид да го спречат предлог-законот да дојде до последно читање, активистите се обидоа да го блокираат пристапот на парламентот во понеделникот, додека во текот на викендот се одржаа огромни собири на улиците на главниот град Тбилиси, со демонстранти обложени со грузиски и знамиња на ЕУ.

Грузиската владејачка Партија на соништата се обиде да го изгласа законот минатата година, но тие конечно мораа да отстапат по огромниот бран демонстрации.

Тие продолжија повторно во март 2024 година, тврдејќи дека таквата легислатива е потребна за да се запре согледуваното странско влијание и обидите за дестабилизација на политиката во Грузија.

Дали е готово за апликацијата за членство на Грузија во ЕУ?

Многумина тврдат дека „законот за странско влијание“ ќе ја попречи кандидатурата на Грузија за членство во ЕУ.

Земјата доби статус на кандидат во декември, но Комисијата предупреди дека Грузија ќе треба да тргне на патот на реформите за владеење на правото и правдата.

По неодамнешните настани, претседателката на Комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, предупреди дека Грузија стои „на крстопат“ и дека треба да остане „на патеката“ за приклучување кон Европа.

Шефот за надворешна политика на блокот, Жозеп Борел, исто така изрази загриженост за парламентарните постапки, предупредувајќи дека усвојувањето на законот ќе го попречи напредокот на Грузија кон интеграцијата во ЕУ.

Слично на тоа, САД пред две недели рекоа дека „западната траекторија на Грузија е загрозена“.

„САД го осудуваат законодавството за „странско влијание“ инспирирано од Кремљ“, соопшти американскиот Стејт департмент, осудувајќи го „лажниот наратив што владините претставници го усвоија за да го бранат“.

„Членовите на владејачката партија беа јасни дека намерата на законот е да ги замолчи критичките гласови и да го уништи живото граѓанско општество во Грузија“, се додава.

Извор: Еуроњус

Подготви: А. В.

Грузија Закон за странско влијание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.