НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По седум рунди дијалог Белград и Приштина не постигна договор за трансакциите во динари, преговорите прекинати

0
By Ана Василевска on May 15, 2024 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Денешната средба меѓу претставниците на Белград и Приштина за изнаоѓање одржливо привремено решение за луѓето кои се најпогодени од регулативата на косовската Централна банка за забрана на сите останати готовински трансакции освен во евра, покажа дека страните не можат да најдат компромисно решение за преостанатите отворени прашања, соопшти вечерва Европската служба за надворешни работи.

– ЕУ жали што денеска не можеше да биде постигнат договор и оценува дека нема подготвеност да се најде компромисен договор, се додава во соопштението.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, од 28 февруари, па до денеска, ова беше седма рунда преговори меѓу делегации на Косово и Србија со посредство на ЕУ во својство на олеснувач на дијалогот Белград-Приштина, посветени на изнаоѓање решение за проблемите предизвикани со одлуката на косовската Банката со која се забранува употребата на српскиот динар во Косово, со која беа погодени пред се припадниците на српската заедница кои примаат плати, пензии и социјална помош од Србија.

– За време на овие состаноци, страните опширно ги презентираа своите позиции и ги испитаа можностите за изнаоѓање заеднички јазик. ЕУ даваше идеи и предлози во текот на целиот процес, а страните успеаја да премостат некои од нивите разлики со цел да обезбедат финансиски текови од Србија кон Косово, вклучително и договор за основање на нов деловен субјект според косовскиот закон, со задача привремено да ја распределува финансиската помош од Србија. Сепак, и покрај тоа што ЕУ поднесе компромисен предлог што ги приспособи позициите на страните до максимален можен степен, страните не можеа да се договорат за неколку клучни прашања, вклучувајќи го целокупниот обем на активностите на новиот субјект, опсегот на неговите корисниците и финансиска помош од Србија за институциите во Косово, посочува ЕЕАС.

Службата оценува дека отсуството на договор меѓу двете страни има негативни последици врз секојдневниот живот на косовските Срби и другите заедници во Косово и претставува причина за загриженост.

– ЕУ како олеснувач останува подготвена да свика уште еден состанок на оваа тема веднаш штом страните сигнализираат подготвеност за изнаоѓање заемно прифатливо решение, се додава во соопштението.

Брисел СРБИЈА И КОСОВО Српски динар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.