НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рама до Бугарија: Политиката на блокада е ужасна, одвратна и антиевропска!

0
By Marija Todorovska on May 17, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Албанскиот премиер Еди Рама упати вистинска вербална шлаканица до официјална Софија и  до сите ЕУ членки  кои користат билатерални прашања за блокади, на форум во Тирана организиран од „Солуција“, во соработка со Белградскиот центар за безбедносни политики и фондациите Отворено Општество и Рокфелер. 

“Зошто ја блокирате Северна Македонија? За да покажете дома колку сте силни!” порача Рама заклучувајќи дека политиките на блокади се ужасни, одвратни и антиевропски.

“Што ви е поентата? Што сакате да постигнете со блокадата на Северна Македонија? Што мислите дека ќе постигнете? Да падне поддршката во ЕУ, само тоа можете да го постигнете!” – ова е главната порака што албанскиот премиер Еди Рама ја испрати до Бугарија, но и до другите земји членки на ЕУ, кои користат билатерални прашања за да го блокираат процесот на проширување, денеска во Тирана на Лидерскиот состанок, настан организиран од Балканскиот центар за конструктивни политики – Солуција, во соработка со Белградскиот центар за безбедносни политики и фондациите Отворено Општество и Рокфелер. 

“Зошто ја блокирате Северна Македонија? За да покажете дома колку сте силни!” порача Рама заклучувајќи дека политиките на блокади се ужасни, одвратни и антиевропски:

“Ова е најантиевропска политика што може да се замисли, ова е најстрашен пристап кон нашата иднина и долгорочно ова е еднакво штетно и опасно и за нив, не само за нас. Ова е лудо! Целосно лудо!

Што значи ова? Дека сега за секоја земја која сака да се зачлени, може да се појави друга и да каже – а, не, прво да видиме кој беше овде прв, кога од мајмуни станавме луѓе, дали бевме ние или вие”, порача Рама и продолжи: 

“Падот на поддршката кон ЕУ е резултат токму на ова ср..е! Национализмот ја киднапираше ЕУ и ЕУ станува жртва на националистичките пориви на земјите, една, па друга. Решението е просто – не може билатералните прашања да блокираат! А ако некоја земја сака да глуми дека некое билатерално прашање е европско, тогаш мора да има барем уште една што ќе ја поддржува. Не може 26 земји да кажат – ова е билатерално прашање, една да тврди дека е европско, и наеднаш тоа да стане европско. 

Наместо Бугарија да рече, добро ние имаме проблем со Северна Македонија (иако јас не им го разбирам проблемот, искрено), ама ајде да го оставиме настрана, а преговорите и трансформацијата на земјите да течат, тие бојкотираат. 

Зошто ги блокирате самите преговори? Зошто блокирате реформи? Лудо! Одвратно!” смета Рама.  

“Истово се случи со Константинопол, додека Грците се занимаваа дали ангелите имаат секс, султанот ги освои. Така и ние сега, се занимаваме дали ангелите имаат секс, во регион во кој баш и нема ангели, а опасностите се тука” вели тој. 

Албанскиот премиер порача дека опасно е кога минатото станува повлијателно од иднината:

“Морате да го погледнете минатото со очите на иднината, не обратно 

Нашите проблеми во регионот почнаа тогаш кога добивме држави. Претходно тука си имаше луѓе кои живееја заедно, без разлика на своите различности, тераа бизнис заедно, се женеа и мажеа меѓу себе, се разведуваа…  Штом добивме држави почнаа проблемите. 

Па така сега се занимаваме кои се мајката и таткото на Александар, кој е овој, кој е оној… какви глупости! Мислите дека обичен грчки таксист денес е навистина антички ексклузивен наследник на Платон? Јас не мислам. 

Ова се тешки глупости и сите ние се занимаваме со ова до точка кога нашата иднината е загрозена” порача Рама. 

Шефот на албанската Влада, инаку, се обрати настан организиран во Тирана од Балканскиот центар за конструктивни политики – Солуција, во соработка со Белградскиот центар за безбедносни политики и фондациите Рокфелер и Отворено општество.

билатерални договори Бугарија Еди Рама ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.