НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гизем Ѓозде Учар, авторка на детски книги: Мислам како дете и живеам во еден детски свет

0
By Marija Todorovska on May 20, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Гизем Ѓозде Учар, авторка и илустраторка родена во Истанбул, 1990 година. Детството го поминува сликајќи на тетратки, по страниците на весници, по своите раце, нозе и ѕидови од нејзината соба. Студира на одделот за компаративна книжевност и меѓународни односи на Универзитетот „Коч“ во Истанбул. Таа е активна и во хуманитарни и добротворни организации. Во соработката со Волонтерска фондација за образование на Турција (TEGV) реализира добротворни часови за деца од областа на уметноста, литературата и англискиот јазик. Исто така ги црта и ѕидовите на училиштата и детските болници. Има илустрирано многу книги за деца. Учествува на изложби и работи со деца повеќе од десет години.

Со Гизем Ѓозде Учар разговараше Хусаметин Гина

Од 15 до 18 мај во Младинскиот културен центар во Скопје се одржа шестото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација „Литера 2024“. На фестивалот се беа организирани изложби, работилници, средби со автори и промоции на разни сликовници.

Оваа година земја во фокус на фестивалот „Литера“  беше Турција со претставување на познати илустратори и автори на книги за деца.

Порталот Рацин.мк разговараше со  Гизем Ѓозде Учар, авторка и илустраторка, која има впечатлива кариера и влијателно присуство во светот на литературата за деца во Турција. Со долгогодишно искуство и многу книги во нејзиното портфолио, Гизем претставува еден од најзначајните современи гласови во литературата за деца.

Гизем истакнувајќи дека уште од мала почнала да црта и да пишува рече дека веќе 10 години организира работилници за деца, ги учи литература и сликарство.

Таа нагласи дека покрај тоа што ги учи децата исто така и таа учи многу од децата.

Интервјуто со Гизем го реализиравме веднаш по нејзината работилница со студенти одржана во Младинскиот културен центар во Скопје.

Наведувајќи дека работилницата поминала одлично, рече дека се уште е  многу возбудена од настанот. Таа исто така го потенцираше заинтересираноста на овдешните студенти кон уметноста воопшто и нивната талентираност.

На прашањето дали е тешко да се воспостави таа комуникација со децата бидејќи постојано реализира работилници со нив, Гизем рече дека тоа за нејзе воопшто не преставува тешкотија.

„Искрено, за мене, воспоставувањето на комуникацијата со децата не е толку тешко. Мислам дека човек треба да остане дете за да пишува детски книги и да ги илустрира. Затоа можам да кажам дека на ‘детето во мене’ веројатно му е лесно да комуницира со децата. Но, дозволете ми да споделам со вас еден спомен што го кажав и на работилницата. На една од работилниците што ги  реализирав со мали деца едно дете  едно од нив ми рече: ‘Може ли да ви ги покажам камчињата што ги носам со себе?’. Ги покажа камчињата што ги носеше во џебот и рече: ‘ги собрав од таму, од онаму’. Му одговорив и јас имам камчиња во џебот. Да ти покажам и јас. Кога ќе најдам камче на патот кај што пешачам и јас ги ставам во џебот. Ги покажав своите камчиња. И на тој начин меѓу нас се создаде таа комуникација. Ја воспоставивме таа комуникација од детскиот свет. Мислам дека од она што го раскажав јасно е како  се воспоставува таа комуникација со деца. Лесно ми е да ја воспоставам таа комуникација бидејќи мислам како дете и живеам во еден детски свет“

Гизем потенцирајќи дека пишувањето и цртањето ги прави паралелно, рече дека уште од мала црта слики на ѕидовите и орманите во својот дом.

Од тогаш веќе сфаќа дека може да се изрази и преку цртање и тоа го продолжува до ден денес илустрирајќи голем број на книги.

Меѓу другото Гизем е активна и во хуманитарни и добротворни организации. Во соработката со Волонтерска фондација за образование на Турција (TEGV) реализира добротворни часови за деца од областа на уметноста, литературата и англискиот јазик. Исто така ги црта и ѕидовите на училиштата и детските болници.

„Тоа е многу важно за мене. Волонтирање, допирање до децата и со моите книги и со моите волонтерски активности. Бидејќи имам наклоност и посветувам големо внимание за образованието на децата. И доколку успевам да придонесам нешто во таа насока, многу сум среќна.“

Гизем до сега има издадено вкупно осум книги за деца. Тоа се: Nohut Adam (Човек од наут), Yalnız Şehir (Осамениот град), Kara Tina (Црна Тина), Aklımda Bir Şey Var! (Имам нешто на ум!), Çıngıraklı Deve (Камила што ждранга), Plastik Ada (Пластичен остров), Orman Olmak (Да се биде шума), Sevgi Masalı (Љубовна приказна).

Одговарајќи на прашањето дали  мисли дека на литературата за деца и се дава доволно значење во светски рамки, Гизем рече дека никогаш не треба да се каже дека е доволно и дека постепено литературата за деца почна да зазема поголемо место во светот.

„Всушност, мислам дека никогаш не треба да се каже дека е доволно. Бидејќи секогаш можеме да им дадеме поголемо значење на децата, литературата за деца, детската уметност. Но, сепак, одлично е да има добри настани како она што се случи овде денес и да се фокусираме на тоа. Постепено, литературата за деца почна да зазема поголемо место во светот. Затоа сум многу среќна“

Гизем се надева дека посетата на Македонија ќе ја инспирира да напише ново дело.

Истакнувајќи дека за неколкуте дена во Македонија се запознала со многу убави луѓе и слушнала убави приказни, рече дека има многу убава култура која е доволна инспирација за добра книга.

Таа додаде дека природата во Македонија е многу убава, луѓето се прекрасни, а храната е многу вкусна.

Преземено: Рацин.мк

Гизем Ѓозде Учар Литера Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.