Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК ги доделува уверенијата за пратенички мандати

0
By Marija Todorovska on May 21, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 21, 2024 13:44

Државната изборна комисија денеска ги доделува Уверенијата за пратеници за потврдените пратенички мандати.

Досега уверенијата ги земаа овластените претставници од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата предводена од СДСМ и од Коалицијата Вреди. Се чека да пристигнат овластените претставници од Левица и Знам, а за ДУИ ДИК се уште нема потврда.

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ по земањето на уверенијата од ДИК истакна оти смета дека до 28 мај да се формира Собранието, а до средина на јуни новата влада.

-Денеска по покана на ДИК ги подигнавме мандатите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и нивните уверенија. Со добивањето на уверенијата, до 28 мај очекуваме да се формира Собранието на Република Македонија, до средината на јуни очекуваме да ја имаме и новата влада во Република Македонија. Сакам да изразам огромна благодарност до граѓаните на Македонија, за поддршката што ја дадоа на ВМРО-ДПМНЕ и за големата одговорност сакам да посочам дека ова е голема одговорност за нас како пратеничка група, како ВМРО-ДПМНЕ. Но, сакам да укажам дека ќе ја оправдаме оваа нивна дадена одговорност, рече Сајкоски, кој беше носител во ИЕ5.

Прашан што очекуваат од утрешното прегласување и како одговара на наводите од ДУИ дека се работи за еден изборен инженеринг за да се одземат два нивни мандати, Сајкоски истакна дека тоа  фактички е трето гласање и оти веруваме дека уште повеќе ќе расте поддршката за ВМРО ДПМНЕ.

-Очекуваме дека ќе имаме уште еден пратеник од ИЕ5. Во врска со обвинувањата за изборен инежеринг, можам да укажам дека и ДИК, и претставниците наши овластени, и забелешките што ги дадоа,  меѓутоа и Управниот суд укажаа дека има нерегуларности во гласањето во избирачките места, рече Сајкоски.

Тој додаде дека не очекува да има никакви проблеми во текот на гласањето и оти очекувам да се зголеми поддршката за ВМРО ДПМНЕ и за нивниот кандидат.

-Очекувам дека ќе имаме уште еден кандидат, уште еден пратеник на ВМРО ДПМНЕ во ИЕ5, рече Сајкоски.

Во име на СДСМ и Коалицијата уверенијата за пратеници ги подигна Бранко Георгиевски, а за Коалицијата Вреди Башким Асани.

Георгиевски, овластен претставник на Коалицијата за Европска Македонија предводена од СДСМ, само кусо им честиташе на сите учесници во изборниот процес и на сите граѓани на покажената зрелост, поаскувајќи успех во работата на идниот парламент.

Асани пак, упати благодарност до ДИК,  и до сите сите граѓани кои учествуваа на овие избори, а им се заблагодари и на гласачите Албанци за, како што рече, досега освоените 13 мандати за пратеници.

Државната изборна комисија (ДИК) на 18 мај ги соопшти освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав по изборите одржани на 8 мај годинава. Како што информираше претседателот на ДИК, Александар Даштевски, за изборните единици 5 и 6 каде на одредени избирачки места ќе треба да се прегласува, резултатите се добиени со симулација и посебна техника врз основа на Донтов модел и со нив се опфатени пратениците влегуваат во Собранието. По прегласувањето, ДИК со посебен заклучок ќе ги објави дополнителниот број освоени мандати.

Во ИЕ 1, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 10 мандати, коалицијата „За европска иднина“ – СДСМ три мандати, Левица два, коалицијата „Вреди“ два мандата, коалицијата „Европски фронт“ два мандата, додека Движењето ЗНАМ еден мандат. Во ИЕ 2, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои осум мандати, коалицијата „Европски фронт“ – ДУИ четири, коалицијата „Вреди“ три, ЗНАМ два, коалицијата „За европска иднина“ два  и Левица еден мандат.

Во ИЕ 3, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 14 мандати, коалиција „За европска иднина“ четири, Левица еден и ЗНАМ еден мандат. Во ИЕ 4, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ  има 13 мандати, коалиција „За европска иднина“ – СДСМ пет, Левица еден мандат и ЗНАМ еден мандат.

Во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 денеска гласаат болни и изнемоштени лица, како и затвореници пред утрешното прегласување за парламентарните избори во седум избирачки места.

Прегласување ќе се спроведе на избирачките места 2101 во Желино,1194 во Крушево, 1202 исто така во Крушево, 1272 во Охрид, 1470 во Долнени, 1470/1 исто така во Долнени, како и во 1844 во Струга.

Во вториот круг од локалните избори 2021, во Општина Лозово од вкупно 1.974 гласачи на 9 избирачки места до 9 часот на гласање излегле 221 гласач или 11,5 проценти од гласачите запишани во Ед

Право на глас во овие избирачки места имаат вкупно 4521 гласач. Во избирачкото место 2101 во Желино право на глас имаат 993 гласачи, во избирачкото место 1194 во Крушево право на глас имаат 470 избирачи, во 1202 исто така во Крушево 298, во 1272 во Охрид 712, во Долнени во избирачкото место 1470 – 659, додека во 1470/1 – 634 и во избирачкото место 1844 во Струга 755 избирачи.

Државната изборна комисија го поништи гласањето на овие седум избирачки места, а одлуката беше потврдена и од страна на Управниот суд посочувајќи дека тужбите на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ се неосновани. ДИК, исто така, ги смени и членовите на избирачките одбори во овие избирачки места.

Поради ваквата одлука на Управниот суд и на ДИК,  ДУИ обвини дека се прави изборен инженеринг со цел на партијата да и се одземат две освоени пратенички места. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се надеваат дека доколку се променат резултатите од гласањето во овие седум избирачки места тие би добиле по уште еден мандат во Парламентот.

Дик пратеници уверенија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.