НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

КФОР бара навреме да се информира за акции на косовската полиција кои може да влијаат на регионалната безбедност

0
By Ана Василевска on May 21, 2024 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мисијата на НАТО на Косово, КФОР, во соопштение по повод вчерашната акција на косовската полиција која резултира со затворање на шест филијали на српската „Банка Поштенската штедилница“на северот од земјата, соопшти дека во иднина очекува навремени консултации од Полицијата на Косово за такви акции, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од КФОР велат дека за операцијата биле информирани непосредно пред нејзиниот почеток, додека нагласуваат дека во акцијата не бил вклучен никаков персонал од мисијата.

„КФОР беше известен непосредно пред почетокот на акцијата на институциите во Косово против филијалите на „Банка Поштенска штедилница“ лоцирани во северните општини Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток. Персоналот на КФОР не беше вклучен во извршувањето на овие операции. КФОР очекува навремени консултации за каква било акција на косовската полиција или на Косовските безбедносни сили (ФСК) што може да влијае на регионалната безбедност“, се вели во соопштението на мисијата ан НАТО

КФОР вели дека продолжува да го поддржува дијалогот Белград-Приштина олеснет од ЕУ, обезбедувајќи ја безбедносната рамка неопходна за дипломатијата да напредува.

„Ова е единствениот начин да се решат отворените прашања и да се дојде до решенија кои ги почитуваат правата на сите заедници. КФОР продолжува да го спроведува својот мандат – врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година – да обезбеди мирна и безбедна средина за сите заедници кои живеат на Косово и слобода на движење, во секое време и непристрасно. КФОР е третиот безбедносен одговор, по косовската полиција и Мисијата на ЕУ за владеење на правото (ЕУЛЕКС), соодветно, со кои работиме во тесна координација, соопшти КФОР.

Вчерашната акција на косовската полиција е оценета како еднострана акција која може да доведе до тензии и од страна на САД, Европската Унија, Велика Британија, ОБСЕ и други.

Косово КФОР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.