Европската Унија ги продолжи за уште три месеци санкциите воведени против режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад.
Амандманите на продолжените санкции почнуваат да важат од утре.
Со усвоените амандмани на досегашниот список санкции на ЕУ кон Сирија, додадено е и давање техничка помош, служби за посредување и други служби за Сириската национална опозициска коалиција и Револуционерните сили, со цел да се заштитат цивилите.
Анонимен дипломат објаснил дека давањето техничка помош во почетокот ќе подразбира дозвола инструктори од земјите на ЕУ на припадниците на сириската опозиција „да им понудат обука за употреба на смртоносна опрема, но нема да ги снабдуваат со таква опрема“, јавува „Франс прес”.
Американскиот државен секретар Џон Кери најавил вчера дека сириската опозиција ќе добие помош во храна и лекови, во вредност од 60 милиони долари, и истакнал дека нема да има оружје.
-Помошта значи заштита на народот во Сирија и додал дека лидерот на таа земја, Башар Ал Асад, го загубил легитимитетот и дека треба да се повлече од власта, изјавува Кери.