Милан Радоичиќ, главниот осомничен за терористичкиот напад во Бањска, Косово, повторно се појавува како вооружен и се заканува.
Миша Вацич, политичар кој моментално ја извршува функцијата претседател на Српската десница (крајно десничарска српска националистичка политичка партија) на платформата X објави фотографија од Радојчиќ која не се знае од кога е фотографијата на која се заканува и вели: „Српскиот херој Милан Радојчиќ со своите волци го осветли бедемот на бастионот на Србија во северна Косовска Митровица. Ништо не е готово – само што започнува!“.
На 6 декември минатата година, Интерпол објави меѓународна потерница за поранешниот лидер на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, Милан Радоичиќ, кој ја презеде одговорноста за нападот на 24 септември. Властите во Србија, непосредно по нападот во Бањска, го приведоа Радоичиќ, но веднаш по распитот во полиција го пуштија да се брани од слобода.
Медиумите во Косово и Србија објавија дека на таканаречената „црвена листа“ на меѓународната полициска организација се наоѓаат над 20 лица кои учествувале во нападот во Бањска, во кој, покрај припадникот на косовската полиција, беа убиени и тројца од групата српски напаѓачи.
Н. Абдурахмани / Цивил Медиа