Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ – Конференција за циркуларна економија: Да се зајакнат локалните производни капацитети и да се минимизира и рециклира отпадот

0
By Zoran Ivanov on May 31, 2024 ВЕСТИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 31, 2024 15:05

Јакнење на локалните производни капацитети за што помала зависност од меѓународната понуда, ефикасно користење на ресурсите, минимизирање, рециклирање и паметно управување со отпадот, елеминирање на пластиката за еднократна употреба, инвестирање во инфраструктура отпорна на нагли промени, иновации во зелени технологии и дигитализација. Ова се само некои од препораките што беа изнесени на денешната регионална конференција за циркуларна економија во услови на војни и несигурности.

Конференцијата укажа на потребата од политики кои поддржуваат иницијативи за одржливост, но ја нагласи и потребата од регионална соработка. Во фокусот беше руската агресија врз Украина која, како што истакнаа учесниците, креираше нова реалност и предизвика екоцид.

Војната во Украина влијаеше врз зелената транзиција и енергетската криза. Предизвика загуба на биодиверзитет и зголемување на емисиите на стакленичките гасови. Досегашните штети по животната средина се проценуваат на 60 милиони евра, рече Џабир Дерала од ЦИВИЛ, презентирајќи ги најновите анализи.

Еколошкото уништување, додаде, бара практики за отпорност.

Украина е првата земја која забележува и анализира случај на екоцид. И покрај конфликтот, таму има иницијативи за рециклирање. Украинската влада успешно води транзициски и трансформациски проекти кои промовираат циркуларна економија и обновливи извори.  Војната, освен што предизвикува траума, ги уништува и природните и културолошките ресурси. Но, има начини како да се ублажи нејзиното влијание – преку локална продукција, отпорни технологии и политики, преку јакнење на локалните производни капацитети за намалување на зависноста од меѓународната понуда. На овој начин треба да се искористи цирклуарната економија и тука владите имаат клучна улога, потенцира Дерала.

Тој се осврна и на клучните стратегии за отпорност, меѓу кои е, потсети, и Европската зелена агенда која климатските предизвици сака да ги претвори во можности.

Отпорни синџири на снабдување и рециклирање, минимизиран отпад, максимално рационално користење на ресурсите, иновации за подобрување на циркуларната економија, елеминирање на пластиката за еднократна употреба, со овие практики ќе бидеме поотпрни и ќе го  намалиме уништувањето на природата, дополни Дерала.

Според Газменд Берлајоли, извршен директор на Балканскиот форум, не треба само да се подвлечат предизвиците во регионот, туку треба да се донесат и решенија кои ќе го подобрат начинот на размислување.

Безбедноста и стабилноста треба да бидат врвен приоритет, но мора да се зборува и за другите теми во општеството, да се направи баланс, да не се става акцент само на големите политички проблеми, порача Берлајоли.

Евгенија Крстевска од Хелветас укажа дека нејзината организација е насочена кон соработка за воспоставување хабови кои би служеле како шалтер за цируларна економија во регионот. Преку овие шалтери, објасни, би се споделувале сите знаења и можности од оваа област. Според Крстевска, во целиот процес на имплементирање циркуалрна економија, треба да се внимава на претрпијатијата зашто ако не се поддржи приатниот сектор, нема да има развој и одржливост.

Во фокусот ни се енергетската ефикасност во градежништвгото, иновациите, дигитализацијате,.. Видовме огромен потенцијал во  циркуларната економија која ќе овозможи одржливост во регионот. Мора да се приспособиме кон директивите за отпад на ЕУ и другите заложби, посебно во однос на Зелената агенда за Западен Балкан, рече Крстевска.

Еден од говорниците, изнесувајќи ги искуствата во Албанија, посочи дека локалната власт и задениците се уште ја мешаат циркуларната економија со рециклирање.

На конференцијата беше презентиран и дел од видео-интервјуто на Фатмир Битиќи за ЦИВИЛ во кое тој вели дека земјава минатата година ја завршила со преку 660 мегагавати инстралирана електрична енергија од обвновли извори што е доволно за снабдување на 200 000 домаќинства, а до 2016-та сме имале само 11 мегавати. Битиќи во интервјуто најавува и дека годинава ќе ја завршиме со 800 мегавати инстралирана електрична енергија од обвновли извори. Со овие примери тој подвлекува дека од кризите како воениот кофликт во Украина, може да се извлечат и поуки и да се научат лекции.

Затоа што се најдовме во енергетска криза, се забрзаа сите напори кон зелената транзиција. Низа години наназад инвестиците во обновливи извори беа мали, скоро никакви. За време на енергетската криза, од увозно зависна земја на електрична енергија во март годинава стигнавме до тоа само 2,75 отсто од потребите на струја да бидат од увоз, а беа преку 30 отсто, што укажува дека е направен сериозен исчекор кон енергетска независност, а тоа ќе не стави во ституацијаа да бидеме понатаму и извозно ориентирани, рече Битиќи.

Конференцијата „Перспективите на циркуларната економија во услови на војна и несигурност“ е дел од Неделата на циркуларната економија на Западен Балкан 2024, регионална манифестација што трета година ја организира регионалната иницијатива ЛогЕкс (LogEx), формирана од тинк-тенк организацијата Балкан Форум од Косово. Неделата на циркуларна економија се одржуваше од 27 до 31 мај, а темата годинава е „Одржливи мостови: Обединување, издигнување, надополнување.

Цивил Циркуларна економија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.