НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стојковски: Опозицијата ќе биде онолку силна колку што ќе биде активна во Собранието

0
By Marija Todorovska on June 3, 2024 ВЕСТИ
Фото: Слободен Печат
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Колку ќе биде силна опозицијата во Парламентот зависи од тоа колку ќе биде активна, порача во интервју за Слободен печат, извршниот директор на Преспа институт, Андреја Стојковски. 

„Ако продолжи со истиот пристап и со истите постапки како пред изборите, тоа ќе биде веројатно недоволно или барем ќе недостасува линкот помеѓу граѓаните и опозицијата, бидејќи изборните резултати се повеќе од јасни. Не велам дека се ќе остане на тоа и дека нема можност да се развие во една или друга насока но ако се движиме во истата линија по која сме се движеле претходно, ќе останеме на истото ниво, мора нешто да се промени. Кога зборуваме за иднината и како тоа би можело да се развива, веројатно многу е тешко да се прогнозира во државава затоа што станува збор за ниско ниво на политичка култура, за многу слаб или лош јавен дискурс, за политички партии што имаат доста интересен политички живот, со исклучок на некои кои што се константа во политичкото живеење“ порача тој.

Осврнувајќи се на улогата на граѓанското општество, Стојковски е уверен дека и идната власт и идната опозиција во подготовката за изборите имале консултации со невладините организации и дека се запознаени со ставовите на граѓанското општество. 

„Што се однесува до граѓанското општество, мојата претпоставка е дека која било партија и идната власт и идната опозиција, во подготовката на нивните изборни програми имале консултации со граѓанското општество и тоа учествувало онолку колку што можело. Ако биле отворени и слушале на сите настани на коишто граѓанското општество ги организирало, имале можност да приберат многу размислувања и да создадат изборна програма која ќе ги отсликува интересите на нивните граѓани, не само на нивните гласачи“ посочи Стојковски.

Андреја Стојковски опозиција Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.