НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се очекува од новите генерации да ја реставрираат планетата, но неопходно е претходно да им се создадат услови да ја преземат таа одговорност: ЦИВИЛ на Светскиот ден на животната средина

0
By Marija Todorovska on June 5, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светскиот ден на животната средина 2024 година се фокусира на обновување на земјиштето, запирање на опустинувањето и градење отпорност на суша под слоганот „Наша земја. Нашата иднина. Ние сме #ГенерацијаНаРеставрација (#GenerationRestoration).“

„Не можеме да го вратиме времето назад, но можеме да одгледуваме шуми, да ги оживееме изворите на вода и да ги вратиме почвите. Ние сме генерацијата која може да склучи мир со земјата,“ пишува на официјалната страница на Обединетите нации.

ЦИВИЛ се придружува кон одбележувањето на Светскиот ден на животната средина преку низа медиумски активности. Медиумската платформа на организацијата објавува информативни и едукативни содржини поврзани со заштитата на животната средина, борбата против климатските промени и поддршка на зелената агенда и циркуларната економија.

Денеска, во контекст на Светскиот ден на животната средина, ЦИВИЛ ќе ја објави и анализата „Перспективите на циркуларната економија во време на војна и несигурност“, чие резиме беше претставено на регионалната конференција на ЦИВИЛ и ЛогЕкс на 31 мај, како дел од иницијативата Недела на циркуларна економија на Западен Балкан.

ЦИВИЛ ја алармира домашната и глобалната јавност дека војните и конфликтите повеќекратно се зголемуваат ризиците по животната средина. Енергетските, економските и социјалните кризи директно влијаат врз политиките и практиките поврзани со заштитата на животната средина. Се очекува од новите генерации да ја реставрираат планетата, но неопходно е претходно да им се создадат услови да ја преземат таа одговорност. Тоа е задача на сегашните структури на моќта и генерацијата на креатори на политиките и практиките кои ни оддалеку не прават доволно за да ги создадат тие услови.

ЦИВИЛ – Центар за слобода

Светски ден на животната енергија Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.