НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УХМР: Се очекува летово да биде сушно и натпросечно топло

0
By Marija Todorovska on June 11, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со голема веројатност се очекува дека летото 2024 ќе биде топло и сушно. Според анализите за целиот југоисточен регион на Европа, се очекува летните температури да достигнат натпросечни вредности. За територијата на Република Северна Македонија постои многу голема веројатност за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности и до 3°C. Најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот од повеќегодишните просеци за оваа сезона се очекува да биде во месец јули, покажува анализата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

– Несигурноста кај регионалните прогнозирања за врнежите е секогаш поголема во однос на температурата. Ако се набљудува медитеранскиот регион, тогаш нема јасен сигнал за врнежите и можеме да кажеме дека ќе бидат просечни. Но, доколку се ограничиме на регионот на југоисточна Европа, тогаш локалните фактори и локалната варијабилност на регионално ниво, со поголема веројатност ни дава сигнал за намалување на врнежите во однос на повеќегодишниот просек. Се очекува целиот југоисточен регион на Европа да има врнежи под просечните. Најголемо негативно отстапување на врнежите за оваа сезона се очекува да биде во месец јули. Во планинските делови постои голема веројатност дека просечните врнежи ќе бидат надминати поради епизоди на засилена конвекција и појава на обилни врнежи, наведуваат од УХМР.

Многугодишниот просек (1981-2010) за температурите на воздухот во летната сезона се движат од 16.0°C во планинските предели до 25.3°C измерени во Гевгелија. Врнежите во овој период се во границите од 23.9mm измерени на метеоролошката станица во Штип до 96,7mm во Маврово.

Многугодишниот просек (1981-2010) на температурата на воздухот во Скопје за јуни, јули и август изнесува 21.9°C, 24.2° и 23.9° C, соодветно.

Многугодишната (1981-2010) просечна количина на врнежи во Скопје за јуни, јули и август изнесува 44.0mm, 37.6 mm и 34.4mm, соодветно.

– Сезонскиот изглед на времето е научен пристап што овозможува информации за климатските карактеристики за неколку месеци или сезони однапред. Во престојната летна сезона секако постои веројатност да се јават периоди со исклучително топло и сушно време, како и веројатност за изразени негативни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата, но и влажни продори. Повремено може да доминираат субсезонски варијации, што не се предвидливи долго време однапред, па затоа силно се препорачува редовно ажурирање на прогнозата, нагласуваат од УХМР.

УХМР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.