Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелти јога одбележува 10 години активности за подобро ментално, духовно и физичко здравје

0
By Ана Василевска on June 11, 2024 ВЕСТИ, ЗУМ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 11, 2024 13:53

Практикантите велат дека искуството со Хелти Јога вежбите им помага да се справат со
стресот, да го подобрат своето физичко и ментално здравје, и воспостават ментална и
емотивна стабилност.

Хелти Јога, водечкиот центар за јога и велнес активности во Македонија, информира дека одбележува десет успешни години на практикување јога и велнес активности во земјата и странство.

Од основањето до денес, Хелти Јога е посветена на промовирањето и градењето на здрави
животни навики, и тоа преку редовни јога часови, работилници, јога ретрити, велнес и
тим билдинг тренинзи, со што придонесува за подобрување на физичкото, менталното и
емотивното здравје на повеќе од 10.000 практиканти во Македонија.

Јогата која што се практикува во Хелти Јога не е само физичка вежба, како што велат
практикантите, туку е и патека кон целокупна благосостојба. Холистички пристап кон
здравјето е основна нитка која се привејува во сите типови на активности кои се
реализираат; јога часови, активни одмори, семинари и работилници со техники од светски
познати психолози.

Практикантите велат дека искуството со Хелти Јога вежбите им помага да се справат со
стресот, да го подобрат своето физичко и ментално здравје, и воспостават ментална и
емотивна стабилност.

„Нашата мисија е да продолжиме да инспирираме и да ги поддржуваме луѓето во нивниот
пат кон подобро здравје и благосостојба“, вели Биљана Пешева, основач и главен
изведувач на активностите во Хелти Јога. „Преку нашите програми и активности, Хелти
Јога останува посветена на промоција на здрав и балансиран животен стил и во наредни
години.“

Во целиот период работа на себе-развивање, со индивидуалци и групи или фирми,
Биљана Пешева силно верува дека јогата има моќ да го подобри менталното здравје, да
ослободи стрес, и најважно да наполни со нова енергија или живот!

„Преку јогата и медитацијата, личноста на еден нежен и внимателен начин влегува во
својот заборавен подрум на потсвест каде добива можност да ги открие, расплете и
осознае, најдлабоките и највеличенствените содржини и тајни кои постојат во него“, вели
Пешева.

Тргнувајќи од нејзината ментална и емотивна чистота и јаснотија, таа е целосно насочена
кон помагање и поддршка на сите оние кои се чувствуваат заглавени во животот и им е
потребен поттик и поддршка за да направат своја лична трансформација.

За основачот на Хелти Јога

Основач на Хелти Јога е Билјана Пешева, која од рана возраст почнала да се интересира и
практикува техники за осознавање на мислите и смирување на умот. Таа од 2013 година
води јога часови, медитации и тренинзи за подобрување на емотивно и ментално здравје,
обуки и тим билдинзи за фирми и часови за намалување на стрес и напнатост кај модерниот човек употребувајќи сеопфатен (холистички) пристап во работата со индивидуалците и групите.
Билјана Пешева е автор и креатор на програмите: “Свесно здравје”, “Создади нова слика
за себе”, “Движи се со леснотија”, “Научи како да ја зголемиш својата самодоверба”,
“Ослободување од потиснати емоции”, “Циклус спиритуални работилници”, “Ментално и
емотивно исцелување”, “Научи како да постигнеш своја цел” и редовно води предизвици
за ментално и емотивно созревање и трансформирање.

Повеќе информации може да се добијат на веб-страницата www.healthylifeskills.mk.

Билјана Пешева Здрав живот Хелти јога
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 20, 2026

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

ВЕСТИ May 20, 2026

Рускиот претседател Владимир Путин ја почна денеска дводневната посета на Кина, каде што со кинескиот…

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

May 19, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.