Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

0
By Zoran Ivanov on May 17, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 17, 2026 14:03

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција го објави Фронтот за вистина и правда, кој го сочинуваат четири столбови – нулта толеранција за корупција и европска правда, иднина за младите, достоинствен живот за сите, подобар животен стандарт и силно село и земјодолци. Филипче посочи дека клучниот столб на кој се темели програмата е нулта толеранција за корупција и дигитална транспарентност.

Овој столб опфаќа полна имплементација и проширување на соработката со Европското јавно обвинителство. Ние веќе имаме потпишано работен договор со оваа институција со Европското обвинителство во 2022 година. И тој договор ќе го активираме на највисоко ниво. Ќе имаме директна размена на информации, заеднички истражни тимови и техничка поддршка од Европа. Ова значи дека високата корупција, министри, пратеници, големи тендери со огромни суми на народни пари, ќе можат да ги истражуваат и европските обвинители, рече Филипче.

Во рамките на овој столб, предвидено е основање на национална антикорупциска дирекција според моделот на романскиот ДНА.

Нова целосно независна институција, полна финансиска и кадровска независност, надлежност за сите, од премиер до градоначалник, до најситен функционер на локално ниво. Директорот се избира со двотретинско мнозинство во Собранието, за да не може ниту една политичка партија да влијае и да го контролира. Моделот е комбинација на романското ДНА, која има огромна ефикасност, и естонските дигитални алатки. Финансирането, 60% од европските пристапни фондови и 40% од буџетот, плус пари вратени од корупцијата, рече Филипче.

Како дел од столбот за нулта корупција и дигитална транспарентност е целосна дигитализација на јавните набавки, тендери и услуги, според естонскиот модел.
Сите тендери, дозволи, сувенции и плаќања ќе се прават исклучиво преку онлајн апликација и една национална дигитална платформа. Граѓанинот или компанијата понесува барање со клик и го следи целиот процес во реално време. Нема физички контакт со службеници. Моделот е естонски, 99% од услугите се онлајн и благодарение на тој модел, Естонија е една од најмалку корумпираните земји во Европа, рече Филипче.

Воедно, во рамки на столбот ќе се воведе задолжителна електронска декларација на имот.

Секој функционер од од премиер до најнизок функционер на локално ниво, семејство, го пријавуваат целиот имот, сметки, акиции, подаровци над 100 евро. Вештачка интелигенција, системот кој ќе користи, ги споредува со примањата. Лажна или нецелосна декларација ке биде предметна кривична одговорност. Моделот е естонски, плус модел кој што се имплементирал во Сингапур, рече Филипче.

Како дел од столбот нулта корупција и дигитална транспарентност е заштита и награда за свиркачи и регистар на црни листи.

Граѓанин или вработен кој ќе пријави корупција добива 5 до 15% од вратените пари, плус целосна заштита на идентитетот и неговото работно место. Има анонимен онлајн канал, а моделот е по примерот на Естонија и САД. Со јавниот регистар на црни листи, секој осуден за корупција трајно се забранува да врши јавна функција или да учествува на државни тендерски постапки, ќе следуваат строги казни и конфискација на имот. Регистрот ќе биде јавно достапен онлајн. Моделот е од естонската и од романската пракса, рече Филипче.

 

вистина правда Филипче фронт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.