Судот на честа на Хрватската демократска заедница денеска едногласно донесе одлука да ја исфрли од партија поранешната премиерка и претседателка на партијата Јадранка Косор.
На денешното судење, присуствуваше и Косор и изнесе низа забелешки. Таа побарала запирање на дисциплинската постапка и меѓу другото, побара јавна расправа.
Судот на честа заседаваше на барање на загрепскиот одбор на ХДЗ, а поради, како што тврдат, настапите на Косор во јавноста во кои ја навредувала партијата и со тоа и нанела штета.
Во текот на денот хрватските коцкари се обложуваа на политичката субина на Косор. За поранешната лидерка на ХДЗ во една обложувалница котираше нејзиното име. Според обложувалницата, шансите Косор да биде избркана беа двојно поголеми отколку да остане.