Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брендот „Барби“ го слави својот 65. роденден

0
By Marija Todorovska on July 4, 2024 ИЗБОР
Foto: Pixabay
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 4, 2024 10:32

Оваа недела во Лондон се отвора нова изложба со поглед на развојот на брендот „Барби“. Повод: Познатата кукла на компанијата „Мател“ оваа година го слави својот 65. роденден.

Изложбата што ќе биде отворена во Музејот за дизајн во британската престолнина, ќе трае од утре – 5 јули до 23 февруари вгодина. Таа содржи повеќе од 250 предмети од светот на „Барби“, вклучувајќи и низа кукли кои ја прикажуваат нејзината еволуција во изгледот, дизајнерски скици и домови како „од соништата“. Ќе биде изложена и првата „Барбика“ од 1959 година со руса коса, фризура типична за 50-тите и во црно-бел костим за капење, заедно со подоцнежните модели во разни стилови, раси, трендови и со различни професии, фризури итн.

Foto: Pixabay

– Се надевам дека без разлика дали сте обожавател на „Барби“ или скептик за „Барби“, ќе излезете од изложбата со благодарност за деталното истражување и дизајнерската мисла што се вметнати во создавањето на куклите, рече кустосот Даниел Том.

Изложбата по поводот 65-годишнината на брендот го следи и успехот на минатогодишниот филм „Барби“ со Маргот Роби во главната улога, којшто заработи 1,4 милијарди долари на светско ниво.

Foto: Pixabay

Одекот на „Барби“ брендот и културата никогаш не бил поголем, се надоврза Ким Кулмон, виша потпретседателка за дизајн во „Мател“.

Меѓу другите ретки „први изданија“ се црнокожата „Барбика“ и „Барби“ во ортопедска количка. Ќе бидат, секако, и „Барбиките“ – полицаец, научник, доктор и „претседателката Барби“, а еден дел е посветен на додворувачот на најпознатата кукла на светот – машката кукла „Кен“, којашто првпат беше дизајниран во 1961 година.

Foto: Pixabay
Барби барбика изложба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.