Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дамевски: „Браќа Манаки“ редовно ги има поднесено сите извештаи во Агенцијата за филм, не поддржувам криминално работење

0
By Marija Todorovska on July 4, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 4, 2024 14:47

Директорот на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ Симеон Мони Дамевски денска одговорајќи на новинарско прашање во врска со извештајот на работната група за утврдување на состојбите во Агенцијата за филм формирана од поранешната министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, посочи дека „Браќа Манаки“ уредно и редовно ги има поднесено сите извештаи во Агенцијата.

Тој е на ставот дека извештајот е нарачан од министерката за култура, во нејзините битки против одредени членови на Друштвото на филмски работници.

– Не сум го видел Извештајот. Го читаа мои познаници и советници. Немам време да читам 41 страна на Извештај кој што е нарачан. Она што не е вистина е дека „Браќа Манаки“ нема поднесено извештаи. „Браќа Манаки“ уредно и редовно ги има поднесено сите извештаи во Агенцијата за филм. Јас лично ги потпишувам, рече Дамевски на денешната прес-конференција во одговор на прашање.

Тој посочи дека нивните извештаи се уредно предадени и дека постои постапка како се предаваат. Единствената кочница е, како што рече, што Агенцијата за филм нема доволно луѓе да ги прегледа извештаите и навремено да ги одобруваат или враќаат со одредени забелешки.

– Друштвото на филмски работници (ДФРМ) е сопственик на лиценца за фестивалот на „Браќа Манаки“. Друштвото на годишно Собрание избира директор на фестивалот, кој што може да е, а не мора да член на Друштвото. Финансиските извештаи за кои одговарам лично, одат на Собранието на ДФРМ, се одобруваат ако се уредно направени и потоа се предаваат во Агенцијата за филм. Ние се имаме предадено уредно. Единствената кочница е што Агенцијата за филм нема доволно луѓе да ги прегледуваат извештаите, рече Дамевски.

Тој информираше дека фестивалот „Браќа Манаки“ е поддржан од Агенцијата за филм со 30 отсто од вкупниот буџет. Сите останати средства ги обезбедуваат од други извори, во голем дел од приватни спонзори.

-Моливи и пенкала се купени од спонзорски пари. Тоа се моливи и пенкала кои се печатирани како и на секој фестивал за подарок, за кои водевме сметка да бидат еколошки изработени. Ова што се случува се обиди да се пресметаат две страни, кои мора да ги прашате лично зошто и како се пресметуваат, додаде Дамевски.

Тој напомена дека не поддржува криминално рабоење и напомена дека во изминативе три години Фестивалот ги има вратено сите претходни долгови.

-Не поддржувам какво било криминално работење и ако има каква било забелешка или незаконски работења на Фестивалот лично одговарам, по својот договор со Друштвото на филмски работници. Во изминативе три години Фестивалот ги има вратено сите претходни долгови. Имаме задржано резерви со кои благодарение на тие резерви, успеваме да опстанеме во овие услови во кои Фестивалот добива само 80 проценти секоја година од средства кои се неопходни за работа, додаде Дамевски.

Инаку, внатрешната ревизија на Министерството за култура утврди дека 39 проекти добиле околу 813.000 евра, а не снимиле филмови, дека се толерирани фалсификувани документи од повластени продуценти, дека се местени конкурси од лица со судир на интереси, незаконски исплати на пари кон ДФРМ, не биле поднесувани финанасиски извештаи за Фестивалот „Браќа Манаки“ и дека незаконски се извлекувани преку фестивалот „Златна рамка“.

Контролата била извршена во текот на април и мај 2024 година.

Браќа Манаки Дамески ДФРМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.