НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Состојка во бебешката пудра со можни канцерогени својства

0
By Marija Todorovska on July 8, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меѓународната агенција за рак и истражување (ИАРЦ) при Светската здравствена организација го класифицираше талкот како „веројатно канцероген“ за луѓето, пренесува „Сајенс алерт“ (Science Alert). Талк или талциум е природен минерал којшто се ископува во многу делови од светот, а потоа се  користи како состојка во бебешката пудра или во некои видови козметика.

„Одлуката на СЗО е заснована на ограничени докази дека талкот може да предизвика рак на јајниците кај жените, доволно докази дека е поврзан со рак кај стаорци и силни механички докази дека покажува канцерогени знаци во човековите клетки“, соопшти ИАРЦ.

Сепак, најважната изложеност на талк се случува при ископувањата на пинералот, преработката или во фабричката изработка на производите.

Агенцијата додава дека постојат и бројни други истражувања коишто покажуваат зголемување на стапката на рак на јајниците кај жените кои користат талк во прав, особено во пределот на гениталиите. Но, ИАРЦ нагласува дека не може да се исклучи дека талкот во некои прочучвања бил контаминиран со азбест, што исто така, предизвикува рак.

„Причинската улога на талкот не може целосно да се утврди“, според наодите објавени во „Лансет онколоџи“ (The Lancet Oncology).

Треба да се има на ум дека студиите биле набљудувачки и затоа не можат да ја докажат причинско-последичната поврзаност.

Најавата доаѓа само неколку недели откако американскиот фармацевтски и козметички гигант „Џонсон и Џонсон“ се согласи да плати 700 милиони долари за да ги реши обвинувањата дека ги доведувал корисниците во заблуда околу безбедноста на производите со талк во прав. „Џонсон и Џонсон“ не призна дека прописите се прекршени, иако ги повлече своите производи од северноамериканскиот пазар во 2020 година.

ИАРЦ, исто така,  го класифицира акрилонитрилот – хемиско соединение што се користи за производство на текстилни полимери, како канцероген за луѓето, со највисоко ниво на предупредување. Полимерите направени од акрилонитрил се користат во широка палета производи – од конците во облеката до теписи, пластика и други производи за широка потрошувачка.

бебешка пудра истражување канцерогени својства СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.