НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицотакис: Грција нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање доколку соседната земја продолжи со актуелната тактика

0
By Marija Todorovska on July 12, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грција во овој момент нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање за да одговори на евентуалното инсистирање на раководството на соседната земја на оваа тактика, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на прес-конференцијата во Вашингтон по завршувањето на НАТО Самитот и ги повтори позициите на Владата дека е неопходно целосно почитување на Договорот од Преспа и клучна е употребата на уставното име и во внатрешноста на земјата.

Мицотакис посочи дека имал можност да ги информира неговите колеги за „фактот што премиерот на Северна Македонија избра да не применува клучен член од Договорот во однос на единственото име на соседната земја за севкупна употреба и да ја нарекува својата земја „Република Македонија“ во внатрешноста, нешто што очигледно јасно се забранува со Договорот“.

Паралелно, потенцираше дека за време на состанокот и во присуство на сите лидери на НАТО, Мицкоски „не ја следеше оваа тактика и го користеше уставното име на неговата земја“.

-Сметам дека на еден или на друг начин власта на соседната земја ќе сфати дека оваа тактика е целосно контрапродуктивна. Договорите мора да се почитуваат. Тоа е нешто што го нагласив вчера на пленумот на НАТО и тоа е нешто што мислам дека го разбираат и сите наши сојузници. Ние сакаме Северна Македонија да направи чекори кон европски пристап. Но, за ова предуслов е почитувањето на меѓународното право и почитувањето на договорите што земјата ги има потпишано. Верувам дека на еден или на друг начин, ова е нешто што раководството на Скопје ќе го сфати, рече Мицотакис.

Премиерите на двете земји, иако учествуваа на исти настани на НАТО Самитот во Вашингтон, сепак не остварија билатерална средба, нешто што секако не беше претходно најавено, а портпаролот на грчката Влада на вчерашниот редовен брифинг со новинарите, одговарјаќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина зошто Мицкоски и Мицотакис не се сретнаа, кусо одговори дека она што знае е дека не се одржа средба и дека не знае нешто повеќе.

Мицотакис НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.