Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наполитано: Нема можност за предвремени избори во Италија

0
By Нова ТВ on March 2, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 2, 2013 11:27

Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано во германската престолнина Берлин во ја исклучи можноста од распишување нови парламентарни избори, јави Ројтерс, додека партиите во земјата и натаму се препукуваат околу формирањето на новата влада, откако резултатите од изборите одржани на 24-ти и 25-ти март не донесоа јасен победник и ниедна партија или коалиција нема стабилно мнозинство.

Зборувајќи во текот на својата посета на Берлина, италијанскиот претседател Џорџо Наполитано рекол дека на Италија и е потребна стабилна влада, како и дека нови парламентарни избори во моментов не можат да се одржат.

„Не сум заинтересиран за повторно гласање, и јас го немам овластувањето за распуштање на парламентот. Се сомневам дека и новиот претседател само ќе размислува на распуштањето на парламентот. Мораме да видиме како на Италија да и’ подариме нова влада”, рекол Наполитано за медиумите на маргините од неговото излагање на универзитетот Хумболд .

Неговиот претседателски мандат завршува во средината на мај годинава, но 87-годишнито италијански претседател повторил уште еднаш дека нема да се кандидира повторно, но рекол дека е убеден оти неговиот наследник исто така ќе биде против распишување нови парламентарни избори.

Пјерлуици Берсани, лидерот на Демократската пaртија (PD) којашто ја предводеше коалицијата на левиот центар, има мнозинство во долниот – Пратеничкиот дом, на италијанскиот парламент, но не го контролира и Сенатот – горниот дом на парламентот, во петокот во разговор за миланскиот дневен весник La Repubblicа изјави дека го исклучува како решение за формирање влада ткн „голема коалиција” со коалицијата на десниот центар којашто ја предводи поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.

Движењето 5 ѕвезди, коешто се промовираше како противтежа на сите традиционални и етаблирани партии во земјата, што го предводи сатиричарот Бепе Грило, која е поединечно најсилната партија во Италија и трета по моќта политичка групација, ја исклучи, пак, секоја можност да и’ ја подари довербата, со пораката дека се подготвени да дадат поддршка само за поедини закони.

Грило притоа го нарече Берсани „мртовец кој зборува”, и оцени дека следната влада нема да трае повеќе од една година.

Според изборните резултати коалицијата на левиот центар на Пјерлуиџи Берсани освои мнозинство од мандатите во Пратеничкиот дом освојувајќи 29,54 отсто од гласовите, додека второто место и припадна на коалицијата на десниот центар на Силвио Берлускони со 29,18 проценти од освоените гласови.

Движењето 5 ѕвезди на Бепе Грило ја подби самостојно поддршката од 25,55 отсто од гласачите, односно од четвртина од оние што излегле на изборите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Истрагата за финансиската мрежа доби нов пресврт

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Истрагата за финансиската мрежа доби нов пресврт

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.