НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На чија сметка се прошетал Мицкоски џуниор во САД?

0
By Marija Todorovska on July 23, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дехран Муратов

Државната комисија за спречување на коруцијата (ДКСК) на 15 јули оформила предмет по допрен глас, за патувањето на синот на премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон на Самитот на НАТО, и испратиле допис до Генералниот секретаријат на Владата со барање да им биде доставена целокупната документација.

„Доставивме барање согласно нашите надлежности до Генералниот секретаријат на Владата за да потврдиме дали сите трошоци поврзани со ова патување се платени од буџетот на државата и во која улога, односно функција е присутен членот на семејството, поточно синот, бидејќи една од нашите надлежности е да утврдиме судир на интереси“, рече Татјана Димитровска, претседателката на ДКСК, во интервју за ТВ 24.

Случајот со патувањето на синот на Христијан Мицкоски го обелодени поранешната министерка за одбрана, пратеничката Славјанка Петровска, од редовите на СДСМ која истакна дека премиерот Мицкоски свото прво владино патување го претвори во семејно.

„Прво владино патување, прв скандал! Асистентот на татко му, а сега премиер си го земал син му во делегација во САД! Ова младо дете на фотографијата не е најдобриот студент во Македонија. Не е ниту стипендист на државата. Не е учесник на некој конкурс или јавен повик за студенти, па како награда да биде дел од државната делегација предводена од премиерот Мицкоски. Се прашувате кој е? Синот на Христијан Мицкоски. Да, првото официјално владино патување го претвори во семејно патување. Не се чудете, Мицкоски напредуваше во кариерата како асистент на сопствениот татко“, објави Петровска на Фејсбук, (на 14 јули).

Од СДСМ бараат Владата да го објави списокот на сите членови на делегацијата кои патувале на државен трошок за, како што велат, да се потврди или отфрли оваа информација.

Од ВМРО-ДПМНЕ преку писмена реакција посочија дека патувањето на синот на Мицкоски не ја чини државата ништо.

„Синот на Мицкоски не е дел од официјалната делегација во НАТО самитот. Иако претседателот Мицкоски има право на придружен член на делегација, патувањето на неговиот син државата не ја чини ништо, односно сите трошоци се подмирени приватно од семејството на Мицокски. За разлика од времето кога премиерот на СДС Ковачевски ги донесе децата како членови на официјална делегација. Ако делегацијата сакала да сокрие нешто сигурно немаше да има фотографии од истата. Напротив се е транспарентно, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Идентично соопштение како на ВМРО-ДПМНЕ издаде Министерството за надворешни работи и надворешна трговија отфрлајќи ги тврдењата на СДСМ кои побара од премиерот Мицкоски да ги објави приватните сметки за картата и трошоците за синот.

„Би сакале да ја информираме јавноста дека, делегацијата на Самитот на НАТО беше точно определена од страна на Алијансата и таа броеше вкупно 21 член, согласно протоколите на НАТО. Притоа, потенцираме дека Јован Мицкоски, синот на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски не беше еден од членовите на делегацијата, иако претседателот Мицкоски имаше покана за придружба од член на семејството. За патувањето на Јован Мицкоски не се потрошени средства од Буџетот на Република Северна Македонија“, се вели во реакцијата од Министерството.

Петровска вели дека Мицкоски неколку дена ги крие сметките за кои тврди дека ги платил од сопствени средства. И наместо ДПМНЕ да бидат транспарентни и да ги достават сметките, тие продолжуваат со лаги и клевети за поседување на наводна хациенда.

„Ако е така нека ги покаже сметките, зошто молчи три дена? Фатени во злоупотреби, решија вниманието да го свртат со една голема лага, за наводната моја хациенда и разни теории за можни продажби и слично. Веќе видено сценарио. Истите овие обвинувања беа изнесени на прес конференцијата на пратеникот и тогашен и сегашен на ДПМНЕ, Драган Ковачки, против кого поднесов тужба за клевета. И иако бегаше од рочиштата и се обидуваше на секаков можен начин да ги одолговлекува, сепак правдата го стигна и судот пресуди дека лажел и ја манипулирал јавноста со цел да наштети на мојот углед“, вели Петровска.

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека патувањето на син му заедно со него во САД за време на НАТО Самитот го платил од свој џеб. Тој во интервју на „Топ тема“ на телевизија Телма рече дека ќе ги достави сите потребни документи до Антикорупциска комисија за ова патување.

„Навикнат сум 6 години да го напаѓаат моето семејство, сега решија и детето да ми го напаѓаат. Тоа дете не е падното од небо, тоа е мое дете. Јас таму бев поканет со придружба. Антикорупциска го истражува целиот случај и сите потребни документи ќе бидат доставени во текот на утрешниот ден и да почекаме да излезат во јавност да кажат. Ако има и еден милиметар отстапување јас сум подготвен да сносам одговорност. Но, ако не е така, тогаш да ми се извинат, ако не сум погрешил“, рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски кажа дека иако имало можност тоа да не се плати од сопствен џеб, сепак се одлучил патот за неговиот син да го плати од сопствени средства и сето тоа ќе биде документирано и доставено до надлежен орган кој ќе каже.

Синот на премиерот Христијан Мицкоски, 18-годишниот Јован Мицкоски, го придружуваше татка си на официјалното патување во САД за Самитот на НАТО во Вашингтон, на кој се одбележаа 75 години од формирањето на Алијансата. Ова беше прво официјално патување на премиерот кој ја предводеше официјалната делагација со неколку министри и соработици.

Според фотографијата споделена на социјалните мрежи, снимена на терасата на Институтот за надворешна политика на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ каде премиерот Мицкоски одржа предавање на почетокот на посетата на 8 јули, Јован е во друштво на татка си, на американскиот експерт Едвард Џозеф и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

ЦИВИЛ Медиа испрати прашање до Владата на Република Северна Македонија, кое гласи:

– Во кое својство и која беше улогата, односно функцијата на синот на премиерот Христијан Мицкоски кој беше со владината делегација во САД?, но до објавување на текстот, не добивме никаков одговор.

ДКСК, барањето до Генералниот секретаријат на Владата го доставила на 15 јули, а на 30 јули истекува рокот до кога до Комисијата треба да биде доставена целокупната документација за овој предмет. Согласно законската процедура, доколку не им биде доставена документацијата во тој случај ќе достават информација и до МВР, Финансовата полиција и Јавното обвинителство.

Извор: Цивил Медиа

Мицкоски САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.