Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК: Северна Македонија спроведе реформи за независност на судството, но останува загриженост за негова заштита од влијание

0
By Marija Todorovska on July 24, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 24, 2024 12:58

Северна Македонија спроведе неколку бранови на реформи во правосудството и усвои нова стратегија за правосудството со цел да се подобри независноста, ефикасноста и професионалноста на правосудниот систем, но сепак независноста на судството и институционалниот капацитет за негова заштита од несоодветно влијание претставуваат сериозна загриженост, се наведува во годишниот Извештај за владеење на правото во ЕУ за 2024 година, подготвен од Европската комисија, во кој годинава првпат се вклучени и државите опфатени со процесот на проширување – Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија.  

– Нивото на утврдена независност на судството е многу ниско. Загриженоста останува и во однос на функционирањето и независноста на Судскиот совет, иако се преземени чекори во овој поглед. Одлуките за именување јавни обвинители и судии беа критикувани од граѓанското општество дека не се сеопфатно мотивирани или засновани на објективни критериуми, се наведува во Извештајот.

Според ЕК, преземени се мерки за подобрување на транспарентноста, особено под покровителство на претседателите на Врховниот суд и на Судскиот совет и се воспоставени етички кодекси и за обвинителите и за судиите.

– Ограничените финансиски средства доделени на судството може да влијаат на нивната финансиска автономија, а дефицитот на човечки ресурси може да влијае на квалитетот и ефикасноста на правдата. Се развиваат дигитални алатки за управување со случаи. Ефикасноста на судството е намалена за првостепените граѓански, трговски и кривични предмети, додека таа остана стабилна за второстепените предмети, се додава во текстот.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во извештајот се посочува дека е воспоставена сеопфатна национална антикорупциска стратегија, но дека има застој во нејзината имплементација.

– Големиот ризик од корупција останува распространет во многу области. Неодамнешните измени на Кривичниот законик ја ослабеа правната рамка, негативно влијаејќи на справувањето со корупцијата, особено во случаите на корупција на високо ниво. Ограничувањата на ресурсите и недостигот на соработка меѓу националните власти го попречуваат ефикасното справување со корупцијата и го попречуваат воспоставувањето на стабилна евиденција за случаи на корупција на високо ниво, смета Еврокомисијата, посочувајќи дека Државната комисија за спречување на корупцијата продолжи со напорите за исполнување на својот мандат и покрај ограничените ресурси.

Извештајот наведува и дека иако постои законска рамка и регистри за лобирање, засега се уште нема регистрирано лобисти, како и дека има „неколку празнини“ во однос на финансирањето на политичките партии и дека е ажуриран Законот за заштита на укажувачите.

– Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги исполнува своите задачи, но останува дополнително да се зајакне нејзината финансиска и институционална независност. Советот за етика во медиумите и понатаму е под притисок. Остануваат предизвиците во однос на транспарентноста на сопственоста на медиумите и загриженоста во врска со одредени елементи на повторното воведување на рекламирањето финансирано од државата, се вели во Извештајот.

Еврокомисијата посочува дека јавниот радиодифузен сервис се соочува со предизвици, како и дека покрај тоа што Агенцијата за заштита на слободен пристап до информации од јавен карактер обезбедува пристап до нив иако има ограничени ресурси, сепак останува загриженоста за одбивањата и одложувањата на таквите пристапи до информации.

– Законските мерки ги зајакнаа законските гаранции за заштита на новинарите, но сепак забележани се закани и акти на насилство врз новинарите, се додава во Извештајот.

Според ЕК, политичката поларизација во македонското Собрание предизвика доцнење во носењето закони, што доведе до „прекумерна, а понекогаш и несоодветна употреба на забрзани законодавни процедури“.

-Остануваат недостатоци во спроведувањето на процесите за инклузивно креирање политики врз основа на докази. Канцеларијата на Народниот правобранител нема доволно ресурси, а предизвиците за систематско следење на нејзините наоди и препораки остануваат. Граѓанските организации работат во севкупно адекватна средина, но остануваат предизвици за да се обезбеди одржлив ангажман во креирањето политики, се заклучува во делот од годишниот Извештај за владеење на правото во ЕУ за 2024 година посветен на земјава.

ЕК судство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.