Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Ако не продолжи евроинтеграцијата, Северна Македонија ќе биде жестоко дестабилизирана: Џабир Дерала во подкастот „Балканот и пошироко“

0
By Marija Todorovska on July 31, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 31, 2024 16:37

Д. Т

Еминентната косовска тинк-тенк организација Балкан форум денеска објави нова епизода од подкастот „Балканот и пошироко“ во која гостува Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

„Во оваа епизода ја имаме привилегијата да бидеме домаќини на Џабир Дерала, ценет истражувачки новинар од Северна Македонија и добитник на Наградата за солидарност за новинари од Југоисточна Европа за 2024 година и Орден за заслуги од претседателот Зеленски“, се вели во објавата на Балкан форум.

Во 43-минутното интервју, Дерала зборува за своите новинарски почетоци, основањето на ЦИВИЛ, како и за заканите со кои се соочува поради неговата работа како медиумски професионалец и лидер на граѓанска организација за човекови права.

„Како основач на ЦИВИЛ, Дерала е посветен на промоцијата на демократијата, човековите права, владеењето на правото и слободата на печатот. Во оваа епизода, тој го споделува своето извонредно патување, предизвиците со кои се соочува и неговата визија за иднината на новинарството и човековите права во регионот“, пишува авторката на подкастот, Гонџе Коњуфца од Балкан форум.

Во интервјуто стана збор и за политичките состојби и процеси во Северна Македонија и во регионот, како и за начинот на кој функционира руската пропаганда. На прашањата поврзани со актуелните состојби во регионот и во Северна Македонија, Дерала предупреди на растечкиот национализам и на опасноста, ако не продолжи евроинтеграцијата, Северна Македонија се соочува со дестабилизација, односно тензии и потенцијално насилство.

Извор: Цивил Медиа


Подкаст Цивил Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026

„Разговори за иднината во 12:05“: По 35 години независност, повик за нов општествен договор

September 26, 2026

Родовите дезинформации и насилството врз жените во политиката се закана за демократијата: Соопштение на ХЕРА

September 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026

„Разговори за иднината во 12:05“: По 35 години независност, повик за нов општествен договор

September 26, 2026

Родовите дезинформации и насилството врз жените во политиката се закана за демократијата: Соопштение на ХЕРА

September 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.