НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„ФИЛМ ИНДАСТРИ ВОЧ“ Е ДОВЕДЕН ВО ЗАБЛУДА ЗА СЛУЧАЈОТ МАНЧЕВСКИ: КОН НЕГО СЕ ВОДИ ПРАВНА ИСТРАГА, А НЕ ПОЛИТИЧКИ ПРОГОН, РЕАГИРА ДФРМ

0
By Ана Василевска on August 23, 2024 ВЕСТИ, ЗУМ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Друштвото на филмските работници на Македонија испрати реакција до Меѓународната организација „Филм индастри воч“ (Film Industry Watch) во врска со нивната објава/текст каде што го опишуваат случајот на македонскиот режисер Милчо Манчевски „како случај на политички прогонет“, и појаснуваат дека станува збор за законска истрага поради индиции за финансиски злоупотребиа не политички прогон, како што Манчевски ги информирал. 

„Сигурни сме дека длабоко ги почитувате етичките, моралните и правните начела врз кои се темели работата на продуцентите насекаде во светот, особено кога станува збор за пари кои се насочуваат во филмската уметност од страна на државната каса.“, се вели меѓудругото во реакцијата на ДФРМ. 

Друштвото на филмските работници на Македонија испрати реакција до Меѓународната
организација „Филм индастри воч“ (Film Industry Watch) во врска со нивната објава/текст каде што
го опишуваат случајот на македонскиот режисер Милчо Манчевски и повикуваат да се запре
политичкиот прогон кон него.

„ДФРМ, како асоцијација на филмски професионалци, исклучително ги почитува вашите заложби преку новинарски и академски средства да се борите да ги заштитите активните филмскиработници од секакви видови злоставување. Но, овојпат, за жал, доведени сте во заблуда. Затоа се чувствуваме повикани да реагираме на вашата објава и да ви ги појасниме нештата. Бездруго, во вашата објава се споменуваат само уверувањата и аргументите на Милчо Манчевски, што претставува субјективно, а во случајов и невистинито толкување, се вели во реакцијата.

Од Друштвото посочуваат дека во име на вистината треба да се согледаат фактите, односно дека кон Милчо Манчевски, во никој случај не постои политички прогон туку се водат истраги и постапки за правен субјект „Банана филм“ во негова сопственост. Односно, правни постапки поради индиции за финансиски злоупотреби.

„Овие постапки се водат пред истражните органи на РСМ, како Основното јавно обвинителство и Управата за финансиска полиција, како последица на кривична пријава поднесена од страна наАгенцијата за филм на РСМ. Според законот, додека тие не бидат расчистени со правна разврска, на „Банана филм“ и е оневозможено да располага со државни средства. Жалбените барања на Манчевски, и неговата продукциска куќа ги отфрли и високата правна инстанца Вишиот управен суд, посочуваат од ДФРМ.

ДФРМ се уверени дека „Филм индастри воч“ ќе увиди дека реакција е избрзана како резултат на подметната манипулација од страна на Манчевски, кој себе си се претставува како жртва на политички прогон. А, всушност, дека како и секој друг граѓанин на нашата држава за кого би постел сомнеж за финансиски криминал, би одговарал според законите пред надлежните институции.


Во реакцијата се додава дека образложението на Манчевски, со кое претходно во заблуда ги доведе и првите луѓе на филмскиот фестивал во Венеција, дека тој е „свиркач“ и „укажувач на корупција“, всушност е исто така манипулација. Истовремено посочуваат дека на објавата на филмскиот фестивал во Венеција, реагираше и Агенцијата за филм на РСМ која појасни дека не станува збор за никаков политички прогон, туку за правни истраги.
„Сигурни сме дека длабоко ги почитувате етичките, моралните и правните начела врз кои се темели работата на продуцентите насекаде во светот, особено кога станува збор за пари кои се насочуваат во филмската уметност од страна на државната каса. Ние како филмски професионалци, кои исто така соработуваат и се во партнерство со бројни европски здруженија и асоцијации, најмногу од се сѐ водиме кон начелата на европскиот филмски свет, кој е колегијален и солидарен. Затоа, ве молиме да ја повлечете објавата, бидејќи таа е невистинита и неоснована. Ве уверуваме дека Друштвото на филмски работници на Македонија стои во заштита на филмот ифилмските работници и доколку постои било каков вид на стигматизација или политички прогон кон било кој филмски автор во нашата земја, ние жестоко ќе реагираме, стои во реакцијата од Друштвото на филсмки работници на РСМ.

„Филм индастри воч“ Друштво на филмски работници Милчо Манчевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.