Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НЕДЕЛА НА ДИЗАЈН СКОПЈЕ ОТВОРА ПОВИК ЗА ДИЗАЈН РЕШЕНИЈА ЗА СÈ ПОВРЗАНО СО ВЕЛОСИПЕД

0
By Ана Василевска on August 23, 2024 ВЕСТИ, ЗУМ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 23, 2024 11:43

Велосипедот е совршен еко, урбан транспорт, но покрај дизајн, предуслов е
инфраструктура, безбедност и култура

“Неделата на дизајн во Скопје” ги започна активностите со тоа што го објави првиот повик
за дизајн, тематски насочен кон безбедноста на велосипедистите во сообраќајот и сите
пропратни елементи поврзани со унапредување на истото.

Велосипедот спаѓа во едно од најупотребуваните превозни средства во градовите низ
Европа и Азија, додека кај нас сè уште возењето велосипед важи за недоволно безбедно
урбано превозно средство. Поради тоа, иако е во подем и добива институционална
поддршка, употребата на велосипедот за транспорт во Скопје и другите поголеми градови
во Македонија се уште не е на завидно ниво.


Овој повик има за цел да биде гласен апел за подобрување на условите за користење на
велосипед во урбана средина, почнувајќи од соодветна инфраструктура, подобрување на
т.н. вело-култура и воопшто поголем степен на култура во сообраќајот. Затоа овој повик
покрај дизајн на аксесоари за велосипед како педали, рачки на велосипед, ѕвончиња,
дизајн на велосипед, отвара простор и за предлог дизајн решенија за паркинг на
велосипед, транспорт на велосипед, комбинација јавен трансорт + велосипед, но и низа
алатки за подобрување на безбедноста како стикери, амблеми, шлемови итн.
Рокот на повикот за дизајн решенија е до 14. септември, а потоа селектираните идеи ќе
добијат своја реализација и ќе бидат изведени до почетокот на фестивалот. Истите ќе
бидат презентирани и пред општините на град Скопје со цел нивно евентуално идно
имплементирање.


Повикот е објавен на веб странатa на Skopje Design Week, како и на сите негови
профили на социјалните мрежи.
Линк до повикот: https://bit.ly/cycling-and-recycling
Партнер на отворениот повик е Стопанска Банка.
“Неделата на дизајн” во Скопје е фестивал кој со години го третира индустриски и продукт
дизајн, ќе се одвива од 6. до 10. ноември во Јавна соба, Мала станица, и во
книжарницата Литература во Дајмонд Мол. “ Skopje Design Week” е дел од европската
мрежа на манифестации на дизајн фестивали меѓу кои: “Миксер” од Белград, “What
Design Can Do” од Амстердам, “Барселона дизајн вик” и Австрија “Дизајн”. Сите
платформи во фокус ја ставаат Зелената агенда и еко дизајнот на идните млади
дизајнери под мотото Next Gen Design.

Велосипедизам недела на дизајн во Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.