Лидерката на францускиот Национален фронт Марин ле Пен, побара од францускиот претседател Франсоа Олан да распише референдум за излез на Франција од Европската унија.
Ова барање на Ле Пен има услов- доколку владата во меѓувреме не започне преговори за спроведување на четири клучни реформи: враќање на поранешните национални валути кои беа заменети со еврото, укинување на Шенген зоната, повторно воведување на праксата на економски протекционизам и издигнување на националните законодавства над европското.
Доколку Оланд не распише рефрендум, тогаш изборите за евро-пратениците во јуни 2014 Националниот фронтќе ги смета за своевиден плебисцит за француското членство во ЕУ, изјави Ле Пен.