Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Кина, при што оштетени се илјадници домови и најмалку 30 лица се повредени.
Националните медиуми јавија дека земјотресот го погодил руралниот дел во покраината Јунан и нема информации за евентуални жртви, јави Слободна Европа.
Тие ги повикаа властите да испратат помош во погоденото подрачје.