НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анушка Шанкар доаѓа на „OFF фест“

0
By on March 4, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Годинешното, 12-то по ред, издание на OFF-Fest, во организација на Скопскиот џез фестивал, ќе стартува на 1 јуни, со настапот на популарната индиска ситаристка и композиторка Анушка Шанкар, ќерката на големиот Рави Шанкар и сестрата на славната џез-пејачка Нора Џоунс.

Анушка Шанкар е денес една од водечките фигури на т.н. музика на светот. Нејзиното творештво влече корени од индиската класична музика како и од музиката на нејзиниот татко, легендарниот Рави Шанкар, кај кого таа се школува од својата девета година. Како композитор, Анушка ја истражува плодната синтеза на индиската музика со разните музички жанрови како: фламенко, електроника, џез и класична музика.

Два пати номинирана за престижната награда Греми, Анушка Шанкар беше првиот музичар од Индија што има настапено на доделувањето на Греми наградите (2006), кога беше номинирана за албумот “Rise”. Подоцна, таа беше најмладиот музичар и првата жена во историјата на Греми, номинирана во категоријата World Music, за нејзиниот албум “Live at Carnegie Hall” од 2002 година.

Таа беше, исто така, избрана како една од 20-те азиски херои во азиското издание на магазинот ”Time” во 2004 година. Во 1999 година, Анушка Шанкар се стекна со Штит на Долниот Дом (House of Commons) на Британскиот парламент, како најмлад и единствен женски уметник кој го примил ова одличје.

Родена во Лондон и израсната во Лондон, Њу Делхи и Калифорнија, кариерата на Анушка од самиот почеток беше интернационална. Своето деби таа го имаше во 1995 година, во Њу Делхи, на возраст од само 13 години, а веќе на 15-годишна возраст бележеше настапи во престижни сали, меѓу кои и Карнеги Хол, во исто време придружувајќи го својот татко на концертите ширум светот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.