Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аналитичари: Постапките на Мицкоски за Коридор 8 се сосема спротивни од она што го изјавувал претходно

0
By Marija Todorovska on October 30, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 30, 2024 14:28

Коридорот 8 е толку голем структурен проект што никој не може да му ја смени насоката и целта.

Дестан Јонузи / Фронтлајн.мк

Од изјавите како опозиционер дека: „Договорот за Коридор 8 е сериозен грабеж, цените се 3 пати повисоки“, до изјавите како премиер дека: „Имаше обид да ме поткупат за Коридорот 8“, премиерот Христијан Мицкоски со изјавата дека: „Како Влада продолжуваме посветено да работиме на реализација на Коридор 8 и 10“, стигна до објавување на ново „ремек дело“.

Политички аналитичари во изјави за Фронтлајн, сметаат дека ова покажува дека изјавите и постапките на премиерот се сосема спротивни од она што го изјавувал претходно.

Меѓународниот фактор не е заинтересиран за судири, тие имаат големи стратешки цели и имаат направено голема инвестиција во Северна Македонија низ годините. Коридорот 8 е толку голем структурен проект што никој не може да му ја смени насоката и целта. Проектот за Коридор 8 предвидуваат изградба на автопатот Тетово – Гостивар; Гостивар – Букојчан; Требениште – Струга – граничен премин Ќафасан и тоа ја поврзува Македонија со регионот. Овде доаѓа и променетиот став на Мицкоски. Јасно е дека изјавите и постапките на премиерот се сосема спротивни. Изгледа имаме дволичен премиер кој поинаку се изјаснува, а поинаку постапува. Коридорот 8 е голем проект не само за нашата земја, туку и за целиот регион, изјави за „Фронтлајн“, Урим Салиу – политички аналитичар.

Ацо Кабранов – политички аналитичар и новинар вели дека лагите на Христијан Мицкоски и вицепремиерот Александар Николоски околу Бехтел-Енка траеја додека не ја приграбија власта.

Како и секој друг проект од претходната влада за нив беше промашен и коруптивен. Веднаш по изборите се сеќавате во Скопје се сретна со лобист за Бехтел-Енка контроверзен Американец измешан во многу матни работи. За време на престојот на Мицкоски во САД веднаш по победата пак се сретнал со лобистот и претпоставувам понудата Бехтел-Енка да продолжи да ги гради патиштата во Македонија – добро биле подмачкани за да од криминални за Мицкоски, станат историски проект. Читам и реакциите на опозицијата која договори со Бехтел-Енка да градат а Мицкоски и неговите врескаат дека е историски криминал, реагираат на изјавите на Мицкоски и Николоски дека проектот одеднаш е историски сега кога се гради под нивно владеење. Мене ич не ме чуди ваквото салто мортале во изјавите особено на двоецот Мицкоски и Николоски. Политичарите имаат ѓон образ а овие и повеќе од тоа, вели Кабранов за „Фронтлајн“.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

аналитичари Бехтел и Енка Коридор 8 Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.