НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проф. Селими за предлог-буџетот: Проблематичен за реализација – големи владини желби за малата македонска економија!

0
By Marija Todorovska on November 1, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во овие турбулентни глобални политички и економски времиња, економијата на Северна Македонија е мала економија и доста зависна од глобалната економија, овие економски параметри тешко може да се реализираат.

Дестан Јонузи / Фронтлајн.мк

– Предлог-буџетот за 2025 година предложен од Министерството за финансии е проблематичен за реализација. Економијата на Северна Македонија е мала економија и доста зависна од глобалната економија. Економијата на земјава е соочена со големи јавни долгови, а в година имаме и локални избори, вели меѓудругото во изјава за „Фронтлајн“ – Насир Селими – професор на факултетот за бизнис и економија при Универзитет на Југоисточна Европа, анализирајќи го усвоениот Предлог-буџетот за 2025 во Владата, кој се очекува да го помине собранискиот филтер пред новогодишните и божиќни празници.

– Предлог-буџетот за 2025 година предложен од Министерството за финансии претставува прилично амбициозен документ каде се очекува зголемување на приходите за 13%, расходите за 10%, дефицитот за 4%, инфлацијата за 2,7 и просечниот економски раст од 3,7 %. Во овие турбулентни глобални политички и економски времиња, економијата на Северна Македонија е мала економија и доста зависна од глобалната економија, овие економски параметри тешко може да се реализираат. Исто така, економијата на земјава е соочена со големи јавни долгови и со овој економски раст тешко може да се очекуваат поволни економски резултати. Одложувањето на интеграцијата на земјата во евроинтеграциите и влијанието на тоа врз развојот на локалниот бизнис и конфузијата на странските инвеститори. Ако на ова се додаде фактот дека во текот на следната година имаме локални избори, тоа уште повеќе ќе ги забави економските активности и негативно ќе влијае на реализацијата на зацртаните цели, анализира професорот.

Според него, секој буџет составен на почетокот на годината е амбициозен, со развоен карактер, со многу сериозност за развојни проекти, но подоцна истиот се намалува при прегледот.

– Ова беше искуството во изминатите години, подвлече тој.

Владата го усвои Предлог-буџетот за 2025 година кој носи стабилизација на јавните финансии и економски раст, со истовремена фискална консолидација.

Вкупните приходи во Буџетот се планирани на 358,838 милијарди денари што претставува 13% раст во однос на оваа година. Порастот на приходите се темели на поефикасна наплата и борба со неформалната економија. Вкупните расходи, се проектирани на ниво од 400,2 милијарди што претставува раст од 10% во однос на оваа година, додека дефицитот е на ниво од 4% или во износ од 41,350 милијарди денари и номинално е понизок за 3,3 милијарди денари во однос на оваа година.

Предлог-буџет за 2025 година ќе биде доставен на усвојување во Собранието.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

буџет Насир Селими Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.