НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Формирано Националното координативно тело за реформи во високото образование, науката, истражувањето и развојот

0
By Marija Todorovska on November 6, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од денеска почнува со работа новоформираното Национално координативно тело за реформи во високото образование, науката, истражувањето и развојот, како иницијатива од програмата за работа на новата Влада. Со Националното координативно тело ќе раководи министерката за образование и наука Весна Јаневска, а во него има и заменик претседател и 30-тина членови. Координативното тело ќе има обврска на секои шест месеци да доставува извештај до Владата.

По одржувањето на конститутивната седница, министерката Јаневска нагласи дека ова тело е формирано за првпат во мандатот на една Влада, кое, како што рече, ќе има задача да работи на подигнување на девастираниот високообразовен систем и да обезбеди одржливост на квалитетот, како и да ги подобро вложувањата во науката и условите за научно истражувачка работа во државата.

– Се работи за инклузивно тело, во кое членуваат претставници на институции како МОН и Националниот совет за високо образование и научно истражувачка дејност, претставници на универзитетите и Интеруниверзитетската конференција, на бизнис заедницата и граѓанските здруженија. Од секого се очекува непристрасност и застапување не на лични или интереси на потесни групи, туку заложба за генерална промена на состојбите во корист на сите и во корист на државата. Ќе ја проверуваме законитоста на работата на установите, исполнетоста на условите за работа, ќе направиме ревизија на квотите за упис на факултети, стимулација на унапредувањето на студиските програми и креирање интердисциплинарни студиски програми. Ќе поддржиме поврзување со бизнис заедницата, поголема меѓународна соработка и учество во програми за образование, наука и истражување и така натаму, рече Јаневска.

Ова тело е формирано за да овозможи да се олеснат одредени процедури во кои ќе обезбедиме легално работење на универзитетрите, соодветни модерни програми и подобрување на работната сила на пазарот на труд. Повеќе пати имаме кажано дека сите универзитети, јавни или приватни, ќе треба да работат по закон и да ги исполнуваат сите законски услови што се предвидени. Тука можеби ќе има одредени промени, но тие нема да бидат значајни барем во однос на законското работење на универзитетите, рече таа.

Министерката соопшти дека треба да се формира и работна група од експерти којашто ќе работи на предлози околу финансирањето на универзитетите.

Јаневска национално координативно тело образование
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.