Денко Малески: Тоа е решението кое не и дозволува на Бугарија да не закочи во преговарачкиот процес, како што тоа го стори Грција. Евидентно е дека Бугарија попушти под притисок на Париз и Вашингтон а политичарите кои беа на власт во тоа време покажаа зрелост каква ретко се среќава на Балканот. За прифаќањето на „францускиот предлог“ од страна на бугарската влада и гласањето во парламентот од водечките партии требаше да се плати цена која безмалку никој не сака да ја плати во политиката: губење на власта.
Падна владата на Петков но тој не дозволи државата да се конфронтира со главните сојузници во ЕУ и со Америка или да се руга со Макрон и водството на Унијата како што правевме ние. Линк