По повод одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје, денеска, на партизанските гробишта во Бутел, делегации од Град Скопје и од Собранието, положија свежо цвеќе пред споменикот на ослободителите на градот.
Делегација од Град Скопје и собраниската делегација, во состав: Дијана Илиевска, Славјанка Петровска и Даниела Белимова, положија свежо цвеќе и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужните граѓани, а потоа и пред споменикот на ослободителите на град Скопје пред Владата.
Свечена академија и доделување на 13-то Ноемвриската награда, ќе се одржи во 19 часот во Македонската Филхармонија.