НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

0
By Marija Todorovska on November 18, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рим: Во акцијата „Моби Дик“, која ја води Европското јавно обвинителство во Палермо, Милано и Варезе, се извршуваат решенија за притвор против 43 осомничени за мегаданочно затајување од 520 милиони евра.

Над 350 компании се вклучени во една од најголемите измами за даночно затајување и перење пари во Европската унија. Заедно направиле лажни фактури вредни 1,3 милијарди евра во периодот од 2020 година до денес.

Во измамата биле вклучени и членови на организиран криминал од Сицилија и Кампанија, кои обезбедувале приходи со „измами со рингишпил“, кои ги користеле за да го оправдаат профитот стекнат со криминални активности.

Со незаконски дејствија избегнувале да плаќаат даноци, што е можно благодарение на различните начини на пренос на стоки помеѓу различни компании лоцирани во различни земји.

Полковникот Лучини од Ломбардија наведува дека финансиската полиција на Варезе, Милано и Палермо во соработка со државната полиција спроведува огромна операција против злосторничко здружение фокусирано на даночни измами, особено „перење“ на ДДВ.

-Ова е истрага на европското обвинителство, особено на европските делегирани обвинители на Милано и Палермо, во која истражниот судија на судот во Милано издаде мерка притвор за 34 лица, уште десет се во домашен притвор, додека последните четворица добија забрана за работа. Осомничените, во различни овластувања, биле одговорни за злосторничко здружување со цел избегнување плаќање на ДДВ во заедницата при промет на ИТ стоки и перење на добивката поврзана со тоа, рече Лучини.

Судијата донесе решение за превентивно одземање на имот, пари и вредни предмети за над 520 милиони евра. Станува збор за кривично дело во кое 200 лица се под истрага и се вклучени повеќе од 400 фирми, кои се со седиште не само во Италија, туку и во осум земји на Европската унија, каде што истовремено се спроведуваат исто толку мерки од страна на полициските сили на тие земји.

Апсења, претреси и заплени имало и во други земји на Европската унија кои биле погодени од измама, особено во Шпанија, Луксембург, Чешка, Словачка, Хрватска, Бугарија, Кипар, Холандија, но и во земји кои не се членки на ЕУ, како што се Швајцарија и Обединетите Арапски Емирати.

ЕУ Затајување Моби Дик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.