Москва: Новинарката Ника Новак (24) е осудена на четири години затвор во Русија поради соработка со странска организација.
Како што пренесуваат странските агенции, не е точно јасно зошто Новак е уапсена, но таа претходно работела како хонорарец за Радио Слободна Европа, финансирано од американските власти.
Новак беше и главна уредничка на Zab.ru, локален сајт за вести во Чита, и организираше музички и поетски вечери. Чита е мал град на далечниот исток на Русија, кој е поблиску до Јапонија отколку Москва