Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата не е „изненадена” туку вградена во влошувањето на меѓуетничките односи

0
By Marija Todorovska on December 6, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 6, 2024 14:42

ВМРО-ДПМНЕ и Владата со месеци гради атмосфера на дестабилизација и бара виновник во опозицијата.

Дестан Јонузи

Имаме поголемо животно искуство во различностите од самата Европска унија и време е повеќе да се зборува за европеизација отколку за дестабилизација, а главни фактори во оваа насока се некои политичките партии, велат за „Фронтлајн“, познавачи на политичките збиднувања во земјава.

Ивон Величковски – лидер на Движењето за нова република, поранешен пратеник и лидер на Либералната партија вели дека „со гласање за интерпелациите, опозицијата ќе докаже дека не поддржува нарушување на меѓуетничките односи. И обратно“.

– ВМРО-ДПМНЕ и Владата со месеци гради атмосфера на дестабилизација и бара виновник во опозицијата. За тоа време Мицкоски се обидува националната политика да ја сведе на етно-партиски договор, а Филипче на малцински партнер во неа. Перформансите на (челниците) на МВР и до крајот на ноември секако се доволна основа за барање нивно разрешување. Истото се однесува на Министерството за етнички заедници. Нивното отсуство во превенцијата на настаните, објаснува дека Владата не е „изненадена” туку вградена во влошувањето на меѓуетничките односи. Девучиќевизацијата на националната политика во Северна Македонија започнува со координирана опозициска политика, изјави Величковски за „Фронтлајн“.

Џелал Хоџиќ – претседател на СДА Македонија смета дека реториката на дел од партиите уште од предизборието, во која етничките Македонци се поттикнуваа да размислуваат дека Албанците имаат премногу власт и дека Македонците се народ од втор ред, како и пораките со слоганите „Македонија повторно твоја”, потоа и системското напаѓање на концептот на правична и соодветна застапеност, што е Уставна норма, која е резултат на Охридскиот рамковен мировен договор, придонесе да се создаде перцепција кај Албанците и немнозинските заедници дека национализмот на ДПМНЕ и ЗНАМ ќе се обиде да чепне во веќе остварените права на голем процент од населението.

– Одговорите на сето ова, кои секако беа за очекување, од албанскиот политички фактор, кој има и моќ и механизам да се спротистави на оваа перцепција, дополнително ја зовријаа атмосферата, затоа што политичкиот одговор во јавноста од ДУИ и ВЛЕН исто така содржеше одредени националистички пораки од кои кај етничките Македонци служеа за подигнување на спиралата на национализмот и потврда на создаваната перцепција дека Албанците сакаат доминација. После изборите ВЛЕН се повлече од ветените позиции и влезе во власта со ДПМНЕ и ЗНАМ, вели за Фронтлајн, Хоџиќ.

По инцидентите на 28 ноември кои се проследени со заострена реторика меѓу политичките партии, верските лидери во Северна Македонија повикаа на соживот.

– Бог ни дал да живееме во една, заедничка држава. Затоа ние, поглаварите на Македонската православна црква ‒ Охридска архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква и Еврејската заедница, ги повикуваме сите македонски граѓани да не потклекнат пред некои обиди за нарушување на соживотот, туку сите заедно да продолжиме да ја запазуваме почитта едни кон други, кон државните симболи на нашата Татковина и кон симболите на сите етнички заедници во неа, соопштија верските заедници.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

Влада дестабилизација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.