НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски да ја прифати, новогодишно, подадената рака на Филипче!

0
By Marija Todorovska on December 26, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО ДПМНЕ, истовремено, треба да го потсмири во настапите пратеникот – портпарол Петрушевски, со неговите потценувачки изјави кон опозицијата и неизговарањето на М (Македонија) во името, на СДСМ.

Веле Митаноски

Новиот лидер на СДСМ, хирургот Венко Филипче, ја заинтригира јавноста со вчерашниот настап, нудејќи предлози и иницијативи, кои најавуваат новини во делувањето на опозициската партија, нокаутирана на последните избори.
Ако ја оставиме настрана, чисто партиската потреба, за ново позиционирање и факторизирање, предлозите на Филипче, сепак, заслужваат внимание, така што, лидерот на владеачката ВМРО ДПМНЕ, барањата на опозицијата за некаква лидерска средба, треба да ги прими поблагонаклоно, особено што и претседателката, професор д-р Гордана Сиљаноска – Давкова, инаку, негов избор, ги пофали ставовите и погледите на Филиче од нивната “конструктивна средба” во претседателскиот кабинет.
ВМРО ДПМНЕ, истовремено, треба да го потсмири во настапите пратеникот – портпарол Петрушевски, со неговите потценувачки изјави кон опозицијата и неизговарањето на М (Македонија) во името, на СДСМ.
Не е време за таква исклучивост!
Ако СДСМ, навистина, се охрабрил да се огради од соработката со ДУИ, да ги стави на испит заканите на интегративците за дестабилизација на земјата, со самото тоа, партијата најавува сојузништво со ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, пред се, во парламентот.
-Партијата е подготвена за натпартиска соработка која ќе го стави интересот на граѓаните и државата пред политичките манипулации и поделби, ветува опозицискиот лидер.
Ако, новата национална платформа за национално и надпартиско обединување е “дел од новата платформа на партијата”(СДСМ), тогаш власта треба да му верува, дека, понудата до ВМРО-ДПМНЕ за “заедничка натпартиска државна стратегија која ќе го гарантира долгорочниот развој на државата”, е искрена и добронамерна.
Секако, новата партиска платформа на СДСМ трерба да подразбира и расчистување со криминалот и носителите на девијантните однесувања, од времето кога беа власт, со именување и јавно оградување од нив, макар биле и во пратеничките редови, колку тоа и да кошта.
СДСМ треба да знае дека јавното мајтапење со министрите кои, крадејќи од устите на гладниот народ, купуваа интимна облека за себе и XXL љубените, ќе биде со подолг рок на траење и дека срамот не се пере така лесно!
Опозицискиот лидер нуди натпартиска, наднационална и надетничка платформа, која ќе го стави интересот на граѓаните и државата пред политичките манипулации и поделби.
Тоа може да биде и тест за ВМРО ДПМНЕ, во однос на коалицирањето со ВЛЕН, особено околу поставената црвена линија од страна на Мицкоски за уставни измени со одложено дејство, општо прифатлив став мегу Македонците, нешто, кое вчера го бетонираше и претседателката Сиљаноска во новогодишното обраќање пред пратениците.
Политичките првенци од ВЛЕН, ќе мораат да заземат поцврст став, без лавирање, ако навистина сакаат да им помогнат на Македонците да останат Македонци во сопствената држава. Тие ја немаат слободата на интегративците, кај кои, се топи емпатичноста кон Македонците и нивните чувства и стравиувања, па “куд пукло – пукло!”.
Ако треба и на нови избори.
-Морам да кажам, дека прашањето „Дали ќе го смените Уставот“, ме навредува и како професорка и како претседателка, беше децидна вчера, Сиљаноска – Давкова.
Таа повика на “обединување во однос на евроинтеграциите и на консензус меѓу власта и опозициата околу заедничките државни интереси”, што, кај Филипче, беше дефинирано како “реален патриотизам“, како што вели, “со нови луѓе и нови политики, каде граѓаните ќе бидат на прво место“.
ОД Фејсбук ѕидот на авторот
Веле Митановски Мицкоски Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.