НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворено писмо на Дијана И. Илкоска: На светските сцени успешна диригентка испраќана со овации, а дома оставена без работното место

0
By Marija Todorovska on January 9, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
На пет лица вработени во Македонска филхармонија не им се продолжени договорите кои им истекоа на 31.12.2024 година. 

Во пордолжение го споделуваме отвореното писмо на дигиргентката Дијана И. Илкоска, која е една од лицата кои останаа без работа.

„Јас, Дијана И. Илкоска – дипломиран музичар, теоретичар и педагог, хорски диригент и дипломиран и магистриран оркестарски диригент, позната на јавноста исто така како композитор и аранжер на повеќе дела изведувани во земјава и странство, диригент кој е етаблиран на меѓународната сцена, но и во Македонија диригирајќи и соработувајќи со светски реномирани оркестри и уметници како Џошуа Бел (добитник на Греми награда), Брус Лиу (лауреат на познатиот “Шопен натпревар“), Лола Астанова, Божо Вреќо, диригентот Џанандреа Носеда (шеф-диригент на националниот симфониски оркестар во Вашингтон, главен гостин диригент на Лондонскиот симфониски оркесар и музички директор на фестивалот “Цинандали“ во Грузија), асистент диригент на повеќе светски диригенти како Клаудио Вандели (шеф-диригент на „Wurth Philharmoniker”, основач на Пан-Кавказки младински оркестар и уметнички директор на светскиот фестивал „Вербие„ во Швајцарија), Габриел Бебешелеа, Јерухам Шаровски, Тимоти Редмонд и многу други, наградувана со позитивни критики и препораки од страна на Жига Пирнат од Лос Анџелес (продуцент на „Оскарите“, Барбара Стрејсенд, „Музички идол“, Андреа Бочели, Ријана и други), Урош Лајовиц (професор и диригент кој предава на академијата во Виена) и многу други, основач на „ID chamber orchestra“ со кој концертирам повеќе од 10 години на домашната музичка сцена изведувајќи класична, современа и популарна музика – ОСТАНАВ НА УЛИЦА!

Се вработив во НУ Филхармонија на РСМ во јули 2022 година на место Стручен соработник за музичка архива – нототекар, работна позиција за која се согласувам дека сум преквалификувана согласно моето образование и професионално портфолио, како и моето досегашно искуство и кариера како диригент. Но, откако се поништи местото диригент во систематизацијата на Филхармонија во 2019 година, решив да прифатам вработување на работно место Нототекар во оваа институција на место на пензиониран колега (не специјално отворено работно место за мене) поради мојата желба во таа институција да напредувам и да го дадам својот максимум како работник, но и како музичар и уметник. Изминативе две години (од 2022 до 2024 година) мојот договор се засноваше на определено време и се продолжуваше со анекс кон договорот секоја календарска година. Според Законот за работни односи, член 46, став 3, договорот за вработување на определено време може да се трансформира во работен однос на неопределено време ако работникот работи повеќе од две години на работното место кое е ослободено по основ на пензионирање или други основи и за кое се обезбедени финансиски средства, доколку работодавачот утврди дека има трајна потреба од работникот. Со оглед на оваа одредба од законот и горенаведените услови кои ги исполнувам, поднесов писмено барање до Филхармонија мојот договор да се трансформира на неопределено време, а по истекување на рокот предвиден за одговор на моето барање откако не добив никаков одговор од институцијата, започната е судска постапка меѓу мене и институцијата која е сеуште во тек и која е некаква гаранција за мое враќање на работното место таму. Филхармонија, свесна за сето ова, не само што не побарала трансформација на мојот работен однос на неопределено време (со што тужбата би била повлечена веднаш и би се избегнале големите финансиски трошоци за институцијата во случај пресудата да биде во моја корист), туку наместо тоа побарала од Министерството за култура и туризам повторно продолжување со анекс договор на определено време. Истовремено, не го предвидува моето работно место во планот за вработувања за 2025 година.

Замислете, бара јас да продолжам да работам, но не ме планира во годишниот план за работни места. Каква е оваа небулоза? Каков е овој контрадикторен пропуст и како настанал? Филхармонија не ги прави овие договори и годишни планови „сефте“. Всушност, токму овој пропуст е причина за одбивањето на финансиска согласност од страна на ресорните Министерства. 

Откако побарав образложение од Филхармонија зошто е така постапено, првично не добив одговор поради тоа што бил во тек судски спор, а во понатамошен разговор ми беше посочено дека не ги исполнувам критериумите за трансформација на мојот работен однос бидејќи работодавачот немал трајна потреба од работникот. Уште една небулоза! Се бара продолжување, но нема потреба од работното место, а го нема ни во план! Згора на се’, од завчера забранет ми беше пристапот во зградата (како некој кој не работи повеќе во таа институција) освен со специјално одобрение од службено лице задолжено за обезбедување. Внимавајте! Моето име и презиме стоеја бедно напишани на жолто ливче, небаре сум криминалец или пак човек од безбедносен ризик кон истата таа институција во која „до вчера“ ги услужував сите вработени со нотен материјал и за која се вложив максимално – физички и емотивно. Одеднаш претставувам опасност по безбедноста на институцијата и зградата! Неважно е што во таа зграда без специјални дозволи секојдневно слободно влегуваат, излегуваат, циркулираат (дури и паркираат возила) лица кои со години не се во работен однос во институцијата или никогаш не ни биле – важно е да се забрани влезот на Дијана. 

Го поздравувам тоа – Филхармонија треба да биде отворена институција во која културно ќе можат да се изразат сите уметници бидејќи не е ничија лична сопственост. Затоа барам од надлежните и од Синдикатот на културата (СКРМ) да го разгледа овој случај подетално и да побара одговори од институцијата за сторената неправда – нека биде што побрзо додека овој однос не се претворил во нормална појава, па утре некој друг работник или уметник да си го прочита името на некое осамнато жолто ливче. 

Во меѓувреме, продолжува мојата и егзистенцијална борба на моето семејство преку сите достапни законски механизми, а продолжува и мојата уметничка работа преку која ја афирмирам македонската култура на реномирани сцени низ светот и дома – тоа не може да ми го одземе никој. Во таа институција оставив ништо освен огромен труд и пожртвуваност, секогаш навремено извршувајќи ги задачите кои ми беа предвидени во опис на работното место и притоа за овие две и пол години никогаш ниту сум задоцнила, ниту сум побарала ослободување и ниту еднаш не сум користела боледување, но и извршувајќи многу други работи кои не ми беа во опис на работното место, но ги правев со огромна волја и љубов, како на пример: сум диригирала неколку концерти, еден од нив беше прогласен за најпродаван концерт и од него институцијата имаше заработка 11.000 евра (концертот со наслов “Севда“ по повод денот на вљубените во 2023 година) на кој се изведуваа мои аранжмани на 13 песни од балканот, сум издала носач на звук – ЦД насловено по еден од најуспешните концерти на камерниот оркестар на Филармонија “Филхармоија во срцето“, сум оставила во нејзина сопственост многу аранжмани за различни ансамбли, сценарија за детски работилници и концерти – една од тие работилници беше “Магичниот диригент“, работилница која тогаш се распродаваше до последно столче (исто 2023) и своевремено беше “Гордост на Филхармонија“, како и многу други работи кои се со непроценлива вредност затоа што се од уметничка природа. Сето ова не го сметам за мој трошок, напротив – ова ми е само каписла која мене ме води на поинакво духовно ниво, ми носи задоволство и чистота која понатаму мене ќе ми отвори и веќе ми отвора врати кон поубави нешта.

Покрај тоа што повеќе од година и половина бев планирана во програмата за јубилејната 80-годишна сезона на Филхармонија, а потоа сменета со странски диригент кој ја диригираше музичката програма која јас лично ја предложив, сакам да кажам дека тоа не ме обесхрабрува да ја продолжам својата уметничка работа успешно со странски и други домашни оркестри и ансамбли. 

На крај, се поставува прашањето до кога политиката на оваа куќа лошо ќе се одразува врз интересот на публиката, квалитетот и изведбата на програмата, како и отсуството од стабилна и долготрајна стратегија за развој на културната сцена  поради неколкумина луѓе кои си играат богови?“

Дијана Имери Илкоска диригентка Договор Филхармонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.