Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Само)укинување на опозицијата

0
By Marija Todorovska on January 9, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 9, 2025 13:39
Оттаму, флагрантното непочитување, кое го демонстрира СДСМ, “до вчера” доминанта партија од власта, кон инструментите на законодавната контрола, моноторинг и следење на ефективната власт (извршната) ја проблематизира нивната улога на опозициска партија, но и ја наметнува дилемата за улогата што ја имале како водечка владеачка партија во последниот мандат.

Никица Корубин
Кога една политичка партија ќе доживее пораз, каков што доживеа на последните парламентарни избори СДСМ, просторот за кредибилно политичко дејствување е сериозно разнишан. Бидејќи се намалува медиумскиот интерес, на и онака контролираната јавност, институционалните механизми остануваат клучни. А, од нив парламентарното дејствување, секако стои на врвот на уставната поставеност на системот на државата.
Оттаму, флагрантното непочитување, кое го демонстрира СДСМ, “до вчера” доминанта партија од власта, кон инструментите на законодавната контрола, моноторинг и следење на ефективната власт (извршната) ја проблематизира нивната улога на опозициска партија, но и ја наметнува дилемата за улогата што ја имале како водечка владеачка партија во последниот мандат.
Одбивањето, политички да се искористи, највисокиот инструмент за контрола врз извршната власт, механизмот на интерпелација, засилена преку формална одлука на партиски орган, отвора сериозно прашање, за нивната поставеност во конкретниот политички, регионален и гео-стратешки контекст, во кој се наоѓа Северна Македонија.
И ако тие не наоѓаат ниту една причина, собраниската седница за интерпелација на три министри и еден заменик министер, да ја искористат за да укажат на проблемите, недостатоците и опасностите од функционирањето на предметните ресори или носители на истите; да го кажат својот индивидуален и колективен став и да одиграат единствената улога која ја имаат – опозициската; влегуваат во опасен преседан на пасивизација и свесно откажување од законската обврска, што со себе ја носи пратеничкиот мандат.
И бидејќи, СДСМ не се единствената опозициска политичка партија, истите аргументи, со значително минимизирано влијание, важат и за сите останати политички партии, кои свесно и тенденциозно ќе се откажат од сопствената законска и уставна обврска. Единствена дилема е дали, е донесена одлука и за не-поддржување на интерпелацијата на претседателската на Комисијата за социјална политика, демографијата и млади, која исто така доаѓа од редот на опозицијата, како и пратениците на СДСМ, и која е на дневен ред на истата седница.
Или тука важат други критериуми, и тука нема “опасност од етнички поделби” како што би рекле од СДСМ за поддршка или не за интерпелација, како што беше на пример поддршката за интепелацијата на претседателот на собранието Африм Гаши, поднесена од страна на Левица, каде притоа немаа се чини апсолутно никаков проблем со изнесените ставови во предлогот за интерпелација тогаш.
Уставната поставеност е кристално јасна, а според тоа и поделбата на властите. Највисоката власт, законодавната е власт, без разлика дали пратениците се дел од позициското или од опозициското мнозинство. И пратениците на СДСМ и сите останати парламентарни партии, во случајот на овие интерпелации, ако влезат во свесна пасивизација, де факто не ја објавуваат уставната улога на власт, која како опозиција има и дополнителна тежина во секој момент да ја предизвикува и преиспитува извршната власт, без разлика на мнозинскиот исход на гласањето. И не обавувајќи ја таа своја функција, тие всушност ги оставаат и граѓаните, како носители на суверенитетот на државата, без елементарни политички и парламентарни информации и дебата.
Со оваа уникатна ситуација со која се соочува политичката сцена, ја остава ДУИ, како единствена парламентарна опозициска партија, и севкупно најголема опозициска сила. И за прв пат ги предизвикува (а, се чини и обединува) двете македонски партии во чинење или не-чинење, во постапување или непоставување, во функционалност или нефункционалност на системот, надвор од комотната позиција на “прикриена доминација” на македонски партии, со оставање простор за отворена албанофобија и “потчинување” на албанскиот политички фактор.
Но, овој исход, фрла сосема друга светлина на флоскулата, востановена во 2020 година за “ДУИ во опозиција” и нејзината вистинска намена во наративот кој систематски, партиско-партократски и медиумски се наметнува. И го отвора прашањето, дали Северна Македонија (освен ДУИ) има политичка опозиција? Веројатно, кога би имала, таа веднаш би ги иницирала и уставните измени, за конечно исполнување на обврските на државата. Обврски и одговорност, многу ли се бара?
Од Фејсбук ѕидот на авторката
ДУИ Никица Корубин опозиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.